вицови - ( 2 del )

Day 1,326, 12:55 Published in North Macedonia North Macedonia by KatalonecMKD

1. Малиот Трпе го прашува татко му:
- Тато, какво дете сакаше повеќе, машко или женско?
- Сине, јас сакав само убаво да си поминам!


2. Си бил младич на испит по логика и професорот му вели:
- Ќе ти ставам 5 зошто ништо не знаеш!
А студентот му враќа:
- Професоре, а може ли јас да ви поставам едно прашање од вашата област… Ако ми одговорите точно, ставете ми 5 и си одам, ако не ми одговорите точно ставете ми 6 и ќе ви го кажам одговорот!
Професорот се сложил, а студентот му го поставил прашањето:
- Што е легално, а не е логично; што е логично, а не е легално и што е ни легално, ни логично?
Професорот по долго размислување се откажал и му ставил 6ка на студентот, а студентот му го кажал одговорот:
- Вие имате 61 година и имате сопруга од 24 години, што е легално, а не е логично! Вашата сопруга има љубовник на нејзина возраст, што е логично, а не е легално! Вие на нејзиниот љубовник му ставате 6, што не е ни легално, ни логично!



3. Дедото му вели на внукот:
- Брзо, скриј се, доаѓа учителот, а ти денес не отиде на школо!
На тоа внукот:
- Ти скриј се, јас сабајлево им се јавив дека си умрел.




4.Во одделот за интензивна во Скопје секоја недела точно во 11 часот умираат пациентите во ист кревет, без оглед на нивната состојба. Лекарите станаа многу загрижен поради тоа што не можат да ја утврдат причината за смртта на пациентите.
Некои дури претпоставуваат дека се појавува некоја натприодна сила во тоа време. Еден ден, тие одлучиле да се соберат во недела во 11 часот и конечно да дознаат што се случува тоа време во собата. Некои од нив дојдоа со дрвени крстови, бели лукови, со цел да се заштитат од злото.
Кога часовникот означи 11 часот, влегла чистачката во собата, го исклучила системот кој го одржува пациентот во живот, и ја вклучила правосмукалката…





5. Заљубена девојка праќа СМС со многу љубов на мобилниот телефон на својот сакан:
Љубов моја,
Ако спиеш, прати ми го твојот сон,
Ако се смееш, прати ми ја твојата насмевка,
Ако пак плачеш, прати ми ги твојте солзи.
…Те Сакам!
Дечкото одговара:
Љубов моја,
Серам…. Што да ти пратам???



Tresnete 1 Vote , Sub i Shout ako se nasmeavte

Za Shout : вицови - ( 2 del )
http://www.erepublik.com/en/article/-2-del--1817174/1/20