Сигурно си Македонец! 2-дел

Day 1,419, 02:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Dejan Cvetkovski

Сигурно си Македонец кога ...

-Твојот дедо секогаш пие чашка ракија за добро утро.

-Иако си женско, твоите ти се обраќаат со „Сине“.

-Чичко ти прави негово вино што е појако од ракија.

-Мајка ти упорно тврди дека ќе те фати промаја.

-Мајка ти тврди дека мораш да јадеш сирење и тоа најмалку 3 пати неделно.

-Користиш ракија за да лечиш болест, прославиш веселба или како „лосион за
после бричење“.

-Славиш Божиќ, Велигден и Нова Година 2 недели после сите останати.

-Баба ти не го прифаќа фактот дека не си гладен.

-Одиш кај баба ти дома и ти нуди супа, колбаси, сарма и полнети пиперки и ти се лути ако не изедеш се.

-Имаш 4 пара папучи во шифоњерот.

-Цел свет застанува кога ќе ја слушнеш Бисер Балкански.

-Мајка ти ти се обраќа со стока.

-Секогаш во фрижидер имаш сланина.

-Мешаш кисела вода со смедеревка.

-Имаш уште толку храна останата кога ќе заврши оброкот.

-Жената треба секој ден да спрема ручек инаку не е домаќинка.

-Твоите родители покануваат 500 луѓе дома затоа што ви е слава.

-Во твојот фрижидер секогаш имаш повеќе алкохол од храна.

-Твоите другари те викаат пеер.



МАКЕДОНИЈА