Да ги запознаеме еМакедонките!!! [2 дел]

Day 1,130, 14:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Почитувани читатели!


После мала пауза следува второто продолжение од циклусот "Да ги запознаеме еМакедонките". Најпрво сакам да ви се заблагодарам на сите кои што ја гласавте првата статија да дојде во топ 5. Ме радува што оваа акција донесе позитивни реакции од Македонците а и од Македонките.


Немаме многу дами во играва но колку толку барем ни ја разубавуваат државата 🙂





Во ова продолжение имам чест да ви ја претставам дамата Koteska која воедно е и заменик министер за надворешни работи. Оваа наша Македонка има досега освоено четири медали: 2 Hard Worker, 2 Super Soldier што значи вредна дама. Исто така член е на паравоената единица АрМакедон и член во партијата Обединета еМакедонија.





Позитивен одоговор на повикот за разговор добив и од оваа наша дама која беше одлично расположена да ми одговори на моите прашања, па во продолжение може да ги погледнете нејзините одговори.


Додека читате можете да уживате во оваа прекрасна македонска песна со која ги поздравувам сите еМакедонки Линк за песна


П: Кое е твоето вистинско име, колку години имаш и каде живееш?

О: Се викам Билјана, имам 25 години и живеам во Прилеп.


П: Работиш/студираш?

О: Студирам, на Природно-математички факултет, смер Информатика.


П: Кога и како почна да ја играш оваа игра?

О: Играта ја почнав неколку денови после бејби бумот, претходно имав профил од пред една година, што еУмре во Полска


П: Што ти е најинтересено во играва?

О: Дружењето пред се


П: Кои се твоите цели во еРепублик?

О: United Macedonia (не претседателот )


П: Дали досега си повикала некоја другарка?

О: Да, 2 до сега, едната стигна до 8ми левел, другата Едвај до 4ти.. Сега и двете е откажаа..


П: Дали си помислила да се откажеш?

О: Не, таква идеја не ми доаѓа на памет.


П: Колку време дневно поминуваш играјќи ја играва?

О: Скоро цел ден, на чат сум како бот..


П: Која е твојата улога како заменик министер за надворешни работи?

О: Да го заменувам министерот Кога не е тој тука, јас ги добивам информациите од нашите амбасадори ширум еСветот.


П: Што те натера да се пријавиш во единицата Армакедон?

О: Во АрМакедон нема пријавување, одговорните те бараат тебе, и ти нудат соработка..


П: Кратка анализа за состојбата во државава?

О: Па, состојбата е далеку од лоша, но и од совршена.. Како земја со 2-3 месеци постоење, ние сме подобри од некои земји што се подолго во играта од нас.. Сепак, ни треба поголема дисциплина и координација, многу малку сме за толку да сме поделени..


П: Дали мислиш дека треба да почнеме војна со некоја држава?

О: Нашите желби се ограничени, материјално.. Тоа што го имаме може само да го изгубиме ако почниме да си ги остваруваме желбите за војување..


П: Дали би присуствувала на следниот еРепублик собир?

О: Да


П: Омилен пијалок?

О: Цеден лимон со мед


П: Омилен тип на музика?

О: house, trance, rock, trip-hop, Македонски народни песни.. слушам се и сешто


П: Омилен филм?

О: Мојот омилен филм, е уствари сериски филм.. се вика Grey's anatomy


П: Омилено место за релаксирање и забава?

О: Камо да имав такво..


П: Нешто за Македонките кои играат еРеп.?

О: Колку сме, толку сме, токму сме


П: Нешто што не те прашав а сакаш да кажеш?

О: Македонија на Македонците, После нас Потоп !!!






Ги повикувам сите еМакедонки кои сакаат да учествуваат во оваа акција со цел да ја запознаеме убавата страна на Македонија да ми пишат порака.

Апел до сите еМакедонци бидете сложни, слогата злото го победува. Имајте респект кон оние поискусните никогаш не е лошо да примиш совет од постар и поискусен.

Сплотени ја градиме еМакедонија да стане велесила.


Ваш Mартин Ташкоски