Пиво старо 170 години може да се врати во производство

Day 1,636, 02:26 Published in North Macedonia North Macedonia by SoloStalkerMK

Група научници од Финска веруваат дека можат повторно да создадат пиво од 1840 година откако пронашле примероци од пивото на потонат брод во близина на островот Аланд.

Во остатоците од потонат брод, пронајден во 2010 година, за кој се верува дека потонал во 1840 година, пронајден е и сад со најстариот шампањ што може да се консумира.

Тој пијалок веќе е продаден на аукција.

Ројтерс пишува дека научниците ги анализирале и двата сада со пиво, кои и по толку години ја задржале бледо златната боја.

Тие веруваат дека пивото оригинално содржело разни состојки, како ружа, бадем и каранфилче.

„Врз основа на хемиската анализа, што ја направивме и со помош на пивските мајстори можеме да создадеме пиво кое ќе биде многу слично на тоа од 1840 година“ - вели Аника Вилемсон од техничкиот истражувачки центар VTT од Финска