Хидра - Нов сојуз во еРепублик

Day 4,145, 07:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Како што самиот наслов кажува, сакам да ви најавам дека Македонија деновиве ќе стане член на нов сојуз, сојуз во кој влегува како основач и предводник.

Хидра е името на сојузот кој што го основаме заедно со Литванија, Франција и Латвија, а се базира на соработка и заедничко делување во сите воени операции. За сега сојузот се состои од 4 членови, бидејќи не сакавме да биде избрзано. Секој кој што е заинтересиран за влез има шанса да се покаже на военото поле во битките кои што ни претстојат.

Зошто Хидра?
Искрено мојата намера цело ова време беше влез во Астерија, како најмоќен сојуз во овој момент, меѓутоа после последната воена операција во Иран, сфатив дека нешто не е во ред.
Астерија е стар сојуз со сопствена историја, сопствени внатрешни проблеми и уредувања. До неодамна, имавме вето од Словенија за влез. После последната операција ми кажаа дека "ги притиснале" да не прифатат. Зошто би биле дел од сојуз во кој што би влегле под притисок, а не прифатени од сите членови едногласно? Зарем нашето тенкање цело ова време не беше доволно за да добиеме покана за влез? Или требаше да почекаме уште некоја година за да комплетно се променат работите на воен план(Астерија да изгуби доминација) за да влеземе во сојуз кој и онака делува пасивно(пола од членовите ни самите не памтат кога последен пат биле во војна).
Секоја чест за Романците и Србите кои влегуваат во војна со сите за да им помогнат на своите заспани членови.

Цел на новиот сојуз е да се создаде група на доверени држави, кои што ќе се вклучат без изговори во сите војни директно или индиректно. Во правилникот на сојузот ова ќе биде наведено како клучна точка за влез, а секој кој што нема да го испочитува, ќе биде соодветно казнет од високите членови.
Сојузот ќе биде проАстериа ориентиран, што значи дека ќе останеме во близок контакт со Астерија и се надевам ќе делуваме заедно во одредени воени операции.

Иако, многу скептици укажуваат дека сојузот содржи мал број на членови, со "малa" неделна штета(damage), битно е да се напомене дека силата не е секогаш во големината, туку во обединетоста и решителноста или поинаку кажано: подобро да губиме во битки кои се во наш интерес, отколку друг да слави наши успеси.








Претседател на еМакедонија,
goLdeNNN II