Кандидатура за Конгрес

Day 3,011, 10:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian

Почитувани,

Ја пријавувам својата кандидатура за конгрес со цел постабилна и попросперитетна еМакедонија во секој план (економски и политички).
Моето искуство од порано ја оправдува оваа кандидатура со тоа што веќе го имам искуството кога ги носевме првите закони и давачки. Тогаш сите имаа онолку колку што треба за да независно функционираат и ја проширивме еМакедонија од Италија на запад, Иран на исток, Египет на југ.

Тоа беа времињата во кои ја креиравме еПолитиката и имавме умешност и организација во секој поглед од дипломатија, економија и воена сила (иако бевме помалубројни и најбрзо растечка еДржава во еСветот)

Мојот фокус единствено ќе се сведе на:

1. Стабилизација на економијата и прилагодување на давачките на еГраѓаните за поголема економска независност и стабилизација на новите производи во пазарот кој некако незаинтересирано и без купувачи остануваат како дупки во економиите на секој еМакедонец.

2. Лобирање за ажурност и отварање на фонд на моќни играчи кои ќе ги стимулираат младите активни луѓе за побрзо да се развиваат. Целта е креирање на редовност и охрабрување на новите играчи да се искачуваат со левели и јачина... бидејќи секој поединец небитно колку моќен, во едно солидно мнозинство целата таа моќ со добра координација од сите ќе биде пресудна за нашата воена моќ во битките кои следат!



Поздрав
Ваш Искрен,
Георг Македонецот