Една е Мајка!!

Day 2,941, 10:02 Published in North Macedonia Indonesia by Golden Boutique

Едно момче од 16 години заминало во туѓина,кога се вратило на аеродром со солзи во очите го пречекала неговата Мајка,таа го прегрнала со сета сила бидејќи многу и недостигал синот единец.Мајко,знам дека ме сакаш но не ме гушкај толку ме срамиш,рекол синот.Тоа мајката многу ја повредило...По неколку години како маж на дваесет и некоја година,синот пак заминал во туѓина...Мајката го испратила на аеродром,Со срека сине,внимавај на себе му рекла и со солзи во очите му го свртела грбот несакајки да го срами својот син.Кога пак се вратил на аеродром не дошла мајка му,На влезната врата од домот го пречекало букет цвеќе и писмо во него...Го отворил писмото и почнал да го чита незнаејки дека ги преживува најболните и најтешките моменти во својот живот.
- Мил сине кога пред неколку години те прегрнав плачев од радост,но сега кога ги читаш овие редови јас сум во гроб,во темен сандак умрена од рак,Плачев и кога те испракав последниот пат,затоа што знаев дека е тоа последен пат што те гледам,но несакав да те срамам...Јас многу те сакам и секогаш ке бидам покрај тебе...Со љубов твојата Мајка...Синот горко заплакал...

Сакајте ја својата Мајка,затоа што е една на светот и ве сака највеке!!