Јане Сандански - Царот Пирински

Day 2,891, 14:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan Koloren







Роден како слугинче, роден како кмет
Ај да бог да не бидеш роб на овој свет (х2)
Грабна пушка замина Пирин планина
на Пирина собра верна дружина (х2)
До што беше чука, бука Пиринска
Ај стана јатак верен, стана бусија (х2)

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот пирински

903-тата врви замина
Ај верен Тодор Паница душман убива(х2)
Од Кемала Ата, во Уриетот
Побарува Јане Автономија (х2)
Падна Серес, Кукуш, падна Кавала
Ај 12-та Јане в Солун влегува (х2)

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот пирински

Сред Солуна Јане збори говори
Ај тргајте лавчињата од капчињата(х2)
Една има само Македонија
Само македонци ќе ја ослободат (х2)
На Пирина лежи ранет Сандански
Од душмани клетите предавници (х2)

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот пирински

Зошто грми Пиринот, плаче Вардарот,
Ај зошто црни далги фрла Егејот (х2)
Од три страни соколи, носат аманет
Порачува Јане на целиот свет (х2)
Синови и ќерки земја ќе роди
Ај земја Македонска да се ослободи (х2)

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот пирински
Епот за Јане Сандански е подолга верзија на песната за Јане Сандански. Во неа се опеани дел од животните моменти на Јанета, кои станаа историја на Македонија.
Песната е долга, но долга е и борбата на македонскиот роб за својата слобода и независност. Борбата на Јане е историја на македонскиот народ.