Парите не може да те гушнат кога си осамен!-Таша.МКД

Day 2,870, 11:07 Published in Nigeria Nigeria by Princess of Nigeria
(Превземено од НЕТ)


Парите не може да те гушнат кога си осамен!


Пред да научам било што јас знаев да готвам, да работам по ниви, да заработувам за живот, знаев да отидам во централа и да се карам за исклучената струја дома.

Знаев како е кога некој твој е во болница, а ти не можеш да сториш ништо за да го извлечеш од таму, знаев како е кога немаш корка леб да ставиш во уста.

Молчев, никогаш ништо не кажував, се трудев да не разочарам никого.

Првата плата ја добив на 13 години, радост огромна, се чувствував независен и корисен. Славев полуматура, а изутрина бев на работа, но ако си велев, мора да се работи.

По неколку години нова вест чукна на мојата врата, добив информација дека со познавање на Англискиот јазик кој го владеев многу добро можам да заминам на брод, да работам како готвач.

Ситуацијата веќе не можев да ја истрпам, заминав иако имав само 50 евра во џеб и волја за подобро утре.

Заминав, патував, видов многу места, запознав различни луѓе, заработив многу пари и го исполнив сонот на татко ми, а тоа беше да изградиме куќа, наша сопствена.

Мојот татко беше алкохоличар, иако не го разбирав зошто пие, сега знам, пиел од тага, му беше криво што не останал во странство кога се уште бил млад.

Му беше криво што јас морав да заминам во странство за да ги исполнам неговите желби кои тој не успеал да ги исполни за себеси.

Совет од мене, следете го животниот пат бидејќи подобро ќе биде тоа наместо вашите поколенија да ја платат цената што вие сте ја одредиле.

Сретнав личност која ја засакав повеќе од се, ја чував како капка на дланка која на крајот се лизна и без збогум замина кај бившиот партнер, а потоа се омажи за него.

Бев уништен, но се случи чудо ако може така да се нарече или подобар збор што би го опишал е проклетство. Таа се врати повторно во моите прегратки, но остануваше само во моменти кога не беше до неа нејзиниот сопруг. Се гледавме една година како крадци во ноќта, гушнати без зборови, како да постои цел сплет на околности против нас.

Заврши и тоа.

Но, јас се уште ја сакав, после три месеци повторно добив порака од неа дека ме сака и никогаш не ме заборавила, ја разбирам знаете, изгубила се, имала спонтан абортус, мртов татко, го изгуби миленичето кое го сакаше како свое дете.

Ја разбирам да, но таа мистерија во нејзините зборови, те сакам, но не можеме да бидеме заедно ќе остане доживотно неразрешена.

Исто така изгубив многу пријатели, за кои мислев дека се оние вистинските, а сега сфаќам дека ме гледале низ призмата на пари.

Но, имам само едно нешто да им кажам, јас не сум сноп, имам срце, имам душа, не е се во материјалното.

Што ако сега имам пари кога повторно сум тажен и осамен?

Постојат многу работи кои не можам да ги купам со тие пари, а тоа се здравје, љубов, среќа, вашата човечност, вашата искреност.


П.С. Со пари може само да се купи невеста од Албанија 🙂