ОД ДНЕВНИКОТ НА ДЕДО НОЕ

Day 2,858, 13:40 Published in North Macedonia Israel by Black Coyote

Датум: 69.13.2015

Здраво драг мој дневнику.Вчера повторно играв Канти Штрајк.Знам нелогично име, требало да го крстат Кантите Штрајкуваат или нешто слично, да биде логично нели.
Јас всушност ти пишувам тебе мој драј дневнику да те информирам дека се навикнав да ми викаат гејмер.Порано тоа ми беше многу навредливо бидејќи во мое време геј човек беше “некој што заминал на другата страна”, обратен што е, сфаќаш?А сега означува нешто модерно, за паради, или како што го викаат децата “кул”.Уште памтам за малку кога ќотек ќе изедеше еден младич кога ме нарече геј-мер, тој беше втор што ме нарече така таа ден.
Ааа сега ми текна, сакав да ти кажам дека ми дадоа и админ на серверот Сајбји Гејминг, добри дечки.Сега помалку играм, повеќе барам лоши играчи кои ги прекршуваат законите и ги филмам.Сепак во главно времето на Канти Штрајк го трошам најмногу, а и редовно си плаќам арач за струја и интранет.Од таму ми рекоа 2 пати месечно да плаќам бидејќи многу сум трошел, логично.Многу се бистри денешниве деца како бисери се.Барем ми стига платата, не е лоша.Иако уште како мал сакав да пукам и да бидам како Џемас Бенд , во Тајната дружба не ме примија, паднав на психолошкиот тест.Сепак желбата да бидам таен аѓент ми се исполни, работам како чистач и домар во Тајната дружба.Ако им се расипе парното јас гордо им стојам на располагање 24/7, 31 ден во месецот освен Малиот кога им стојам 28 дена на располагање.
Освен јас гледам и синот седи пред машината цело време, ама тој веќе не игра Канти Штрајк, туку се коцка, игра покер.Се плашам да не ја загуби куќата.Барем другите игри на сураткнигата што ги игра не се опасни, мислам, се надевам:Фирма Вила,Кенеди Краш и Клешти од Кланс.Снаа ми не е баш задоволна, но фала ти боже многу е добра, секоја ден му остава храна пред машината и порака каде ќе оди, но син ми ѝ верува-не ја чита пораката никогаш.Како станува право ја запалува машината, потоа каснува нешто па оди да игра.Минатата недела бев на гости кај нив но многу не зборевме-ќе сум го деконтрацирал.Морал да биде контрациран додека игра Шота, важен торнамент било тоа, и така, повеќе го гледав и стискав палци да победи.
Еве пробувам да земам и бугарски пасош, гледам тоа е модерно во денешно време.А мене и ми текна, таман со бугарски ќе отидам Германија да ја видам и ќе земам од таму нешто, не бадијала бегаат сите бегалци таму, како на трки да се кој ќе стигне прв, велат “тепат кој неќе”.Сигурно ова време Германија има некои големи зимски попусти, може и бесплатни примероци од промоции ќе начекам.Бистар сум и јас, хехехе.Преговорите добро ми одеа, туку еве веќе 4 дена го нема да ми врати, изгледа од грип е болен сиротиот, ќе му напишам да оди на болница,да се покрие со 2 ќебиња убаво да се згрее и чај од липа да пие само.

Знаеш мој драг дневнику, понекогаш мислам дека само ти ме разбираш...