Диктатурата на дело

Day 2,792, 11:38 Published in North Macedonia Israel by Black Coyote

Лајтс Њуз екслузивно ви носи вести од прва рака за однесувањето на диктаторот на Република Македонија, г-дин,г-дин Стефан, пардон Сантино.
Се започна како обичен обид на Светецот за кратка конверзација со Сантино што бргу и без причина премина во терор.

Како што гледате и самиот тим на Лајтс Њуз беше кикнат од неговиот канал #MNM.public
При повторното враќање на истиот канал повторно НЕ сретнавме негово разбирање од шега и на своја кожа ја осетивме неговата челична тупаница,овојпат со банирање.

На наредните слики добиени од неколку папараци се гледа колку сурово Сантино му одговара на загрижениот граѓанин Светецот.

На наредната слика се гледа дека и тој добива бан,како и Блекбиард00 поради своите наводно "екстремистички" однесувања.

И како последна жртва, Алфонзо07 исто така добива бан.

За време на целото дејствие присуствуваше и унгарскиот амбасадор Транин,којшто не се здоби со никакви санкции.Некои предпоставуваат дека е поради неговиот дипломатски имунитет,а други при повторно разгледување на четвртата слика доаѓаат до заклучок дека и самиот амбасадор е вмешан со Сантино.Тоа би ја отежнало работата при повикување странци во преговорите за внатрешните проблеми,но сето тоа засега е само шпекулација.