Писмената работа на Мане копито

Day 2,776, 12:59 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Природните убавини на нашата земја и како станав конобар...

Јас кога пораснав бев на убавина и чист воздух во Охрид на планина и многу убаво си поминав. Тоа ме поттикна да се запишам за конобар. Јас кога се запишував во средно училиште прво сакав во трговачко, но таму не ме примија зошто незнаев да куцам на дигитрон па после се решив за угостителско училиште. Кога појдов првиот ден прво ми беше досадно, а после се вклопив со другари и ми беше убаво. Имаше и други сељачиња од Зелениково и Припор па затоа не ми беше срам да кажам дека сум од Скопје. Јас кога ја започнав прва година ми беше многу убаво и на крај кога ја завршив прва година ми беше жал оти само јас останав на дополнителна настава по чистење пепељари. И после кога дојдов во втора година и кога ги видов другарите ми беше многу убаво и на крајот на втора учебна година ни дадоа да одиме на пракса за келнери во Гранд Хотел еден месец и ми беше многу убаво. Кога дојдов во трета и последна година и ми беше најубаво оти си зборувавме за матурата и што ќе служиме на истата и кои маси ќе ги држиме и одевме на пракса во Гран Хотел, Континентал, Кај Злате и во најелитните биртии низ Припор, а јас отидов да служам и во кооперација во Зелениково. Кога дојде време да се одделиме од школо и од другарите конобари и ми беше многу жал зошто во мај се распуштаме и ќе одиме на пракса 10 дена. Кога се вративме од пракса се договаравме за матура кој каква машна да носи и како да служи и кога дојде денот за матура мене ми беше најубаво зошто ми се паднаа најмногу маси за служење.
Во туризмот и угостителството е најдобро да служиш во биртии и пред кооперации.
Република Македонија или нашата земја е опкружена со голем број домашни и странски туристи. Природни убавини се реките, езерата, планините. Нашата земја е опкружена со странски туристи и доаѓаат во нашето училиште. Мојата струка јас што ја завршив ми беше КОНОБАР. Ја одев низ целата Македонија по хотелите во ОхриТ. Таму има секое лето странски туристи од други земји и домашни гости. Нашата земја не е толку убава со природни убавини затоа што е загадена околинаата на Водно, Припор и Зелениково. Најубава природна убавина има во Охрид, Струга, Маврово... Најмногу странски и домашни гости и природни убавини има во Охрид. Најмногу туристите одат во Охрид заради одмор, расположение, пршетка. Странскиѕе туристи одат во Охрид заради убавите природни езера како што се Охридското, Дојранското и Преспанското езеро. Охрид е убав град кој ги привлекува странските и домашните туристи со својата убавина која ги тера да се одморат, да се рекреираатсо убавите гласови на птиците, ластовичките, бумбарите, пчелите, на пеперутките, на сите убави природни убавини. Нашата земја треба да ја чуваме и браниме да ни изгледа убава како и другите земји.
Уште е време копитско!