Порака до Македонските играчи

Day 2,755, 09:49 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Здраво македонци,

Пред мандатот на Бојан имаше доста непријатен период кој не донесе на работ на граѓанска војна. Сигурно сите се сеќавате на параноидната статија на фантомот кој бараше пари за да поставиме диктатор(него да го поставиме), дека кога ќе сме ослободеле регион грците веднаш ќе се дрзнеле да ни постават диктатор и ќе не уништеле.АМА ништо од тоа не бидна, подоцна се испостави дека момакот сета драма ја направил за да собере средства кои би ги искористил за личен интерес односно да му светне диктаторскиот меда (со ВАШИ пари и труд).Кавги еден куп, раскол до бога и назад!

За среќа на добробитот и правдата неговите намери беа благовремено одкриени и презентирани на очиглед на целата македонска јавност!

Денес тој во своето прво претседателско обраќање наговестува дека повторно ќе ни бил поставен диктатор од страна и дека ќе мора повторно да МУ обезбедиме дополнителни 200 илјади мкд. Мојот одговор на тоа е:












Кој е вашиот одговор?


Пс.Секој кој барем малку се разбира во стратегија би знаел дека приоритет на Грција под овие околности не е поставување на нивни Диктатор кај нас.

Прво нема да им помине лесно тој обид кога би се нафатиле на таков луциден подвиг а би потрошиле огромна сум на пари за на крај ништо да не добијат.

Второ...Нека повелат, ЌЕ ГИ ОДЕРЕМЕ КО ЈАРЦИ!...Веќе ги дереме заедно со Бугарија.


Поздрав.