Кандидатура за Претседател [фантом]

Day 2,750, 06:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Phantom MKD


Ај добар ден на сите.
Верувам дека следниот месец ќе биде доста интересен, не во смисла на тролачки апспект, туку во смисла на воено поле и дипломатско секако. Сите сме свесни дека народот е меѓусебно поделен, а верувам дека тоа се поради грешки кои нас ни се случувале порано и не треба да се случуваат во иднина. Треба да учиме, а не да ги повторуваме.

Како и да е секој на оваа игра е дојден со причина. Мене единственото нешто што секогаш ме влечело да дремам на играва е секако еПолитиката, во која што можам да речам дека секогаш сум уживал. Моменталниот претседател мислам дека засега одлично ја тераше работата, и секако системот со Power Pack -пораките доста функционираше. Браво за идејата, добро би било тоа да продолжи, за да можеме да ја насочиме штетата кога ќе треба и каде што треба.

Ситуацијата моментално нас ни одговара, имаме наши 2 сојузници околу нашиите јужни соседи, и во зависност од нивната желба и начин на кои што ќе сакаат да помогнат ќе биде испочитувано, и сакако ставено во обзир.
Мислам дека сите мора да го подигниме нивото на свест, и да не се прават повеќе екцеси, да ја искористиме ситуацијата во која е Грција и да пробаме да извадиме НАП.

Ако сакаме вистински да ја поразиме Грција мора сите да сме активни, воено секако и стабилни на политичко ниво. Значи воздржете се од тролање, верувам дека сите наши сојузници кои што дошле да помогнат потрошиле доста РЛ средства како и ереп средства и за тоа треба да се почитуваат, а начинот на кој сакаат да помогнат секогаш треба да биде испочитуван.

Македонија долго време не може да претне и да биде вистински сојузник на нашите пријатели, но верувам ако се дојде до НАП можеме да играме на таа карта и да пробаме да го вратиме нашиот образ и да покажеме дека и ние знаеме да играме.
Што се однесува до МПП`ата значи Бугарите, Индонезија, Чиле ни биле од секогаш први пријатели, доста војни ги имаме добиено заедно и треба тоа да се продолжи.
Северус веќе мислам дека и прави доста добар однос помеѓу Унгарија и Чиле и можеби во Ј.Америка ќе се постигне некаков договор измеѓу двете држави.
Што значи дека дипломатски тука се работи на тоа прашање.

Како други МПП`а би биле Шпанија, Јужна кореа, Унгарија, Грузија, Ирска, Англија- Со нив имам доста контакти и верувам дека ќе продолжи соработката, Литванците секако добри пријатели, и пријателство кое почна одкако летавме во Норвешка. Црна Гора која што е добар пријател, а и секако од стратешки причини добро е да ги имаме како сојузници.

Тимот ќе биде комплетиран секако и реобјавен, во следна статија.
Тоа ќе бидат искусни дечки, со кои имам работено но и ќе има место за нови кои што ќе сакаат да се пријават.
Tимот ќе си биде моја одговорност.

Нема да има Академска порака, бидејќи јас секогаш така работам, додека пораки за дивизии ќе има, ќе има една со сите командири на Македонија за цел подобра комуникација.
Мофа тимот ќе го водам јас секако, а и ќе помагам на МоД тимот за да може секојдневно да се ваѓаат наредби и да се координира нашата штета.

За нашите луѓе кои се по светов заминати ќе ги повикам да дојдат во еМакедонија и заедно да се бориме протиф фашистите од Грција. Доста шетавте по туѓи земји, време е да докажеме дека еМКД знае да игра.

Позз и се најдобро.

=================================================================================
Кандидатура за Претседател [фантом]
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2527924/1/20

о7