Македонски Пиреј [Северус]

Day 2,736, 11:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape

Поздрав народе,

статијава ќе биде кратка и јасна, ја пишувам под инспирација од Бугарскава статија За еДържавите в еРепублик. во која писателката на убав начин ги опишала поголемите земји и нивните карактеристики.

Она што мене ми го привлече вниманието е нејзиното гледиште за еМакедонија, кое многу ми се допадна. Дел од нејзиното мислење за еМакедонија:

еМакедония - камикадзетата.

На тия Плато паметник трябва да им издигне. Заради тях гърците що пара потрошиха, държавата си до банкрут докараха, само за да откажат макетата от играта, ама тия жилави излязоха и още си стоят тука. 🙂


Многу се совпаѓа и со мислењето на нашиот автор Петре М. Андреевски од неговата книга Пиреј. Секој кој го прочитал овој роман знае каква слика дава Петре за збиднувањата во Македонија во периодот на Балканските војни и Првата Светска војна, гледиштето центрирано на едно македонско село и обичен брачен пар.

На почетокот на романот авторот дава краток текст кој се однесува за Македонскиот народ, па еве Македонци да ве потсетам и вас, и нашите јужни соседи кои сигурно го читаат ова, тука сме биле, тука сме, и тука ќе бидеме, само за да ви бидеме трн во очи. Македонија вечна!



„Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева.
Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира.
Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера.
Ништо не ја ништи таа трева.“


„Пиреј“, Петре М. Андреевски