ШИРЕТЕ!!

Day 2,700, 03:49 Published in North Macedonia North Macedonia by KRISTIJAN MAKEDON

Денес, нека се веселат небесата, нека се радува земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата вечна радост - воскресна од мртвите! Нека ни е за многу години празникот Христијани!
Но да не заборавиме. На денешен ден пред точно 3 години (12.04.2012), на православниот празник Велики Четврток се масакрирани 5 Македонци кај Смиљковското езеро. Ниту еден медиум сеуште не видовме да ја одбележи трагичната смрт (на денешен ден) на нашите деца.


Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 20 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, како и Борче Стефковски, 45 години, од селото Црешево.
„Пукаме на Велики Четврток за да ви биде крвав Велигден. За да ви ја уништиме верата! Пукаме во машки млади луѓе за да ви ја уништиме нацијата! Пукаме во иднината на државата.“ - беше пораката на терористите. Убиени затоа што биле Македонци. Убиени затоа што биле Христијани.
Масакрот кај Смиљковското езеро ниту може да се заборави, ниту да се прости! Почивајте во мир Македонски синови!


За шоут
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2515649/1/20