Последно Претседателско Обраќање [Северус]

Day 2,693, 08:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Дозволете ми да ви се јавам од овој весник за последен пат од овој мандат, како Претседател на еМакедонија.



Најпрво би сакал да ви дадам една кратка содржина на сето она што јас досега сум направил и сум се обидувал да го направам, без разлика дали од местото на Претседател на еМакедонија, Министер за Надворешни Работи, или позади нив...

Мојата кариера во еМакедонија ја започнав во Мај, 2014 година, во мандатот на Александар Македон, после мојот долг престој во еИрска. Оттогаш сум бил прилично во сите Претседателски гарнитури, и имам стекнато огромно искуство, а и пријатели, за кои сум најмногу благодарен. Сето тоа време работев за еМакедонија и за нејзин напредок. Сето тоа време пробував за наше подобрување на односите со тогашниот Сириус, и за можни МППа (за кои всушност знаев дека нема расположение уште од Декември 2013 🙂 ).Полското МПП успеавме да го издејствуваме, за останатите тогаш немаше волја, сеуште се играа картите на две столчиња, а чија страна беше појака од нас, таа диктираше. А тоа е најлошо во нашата состојба најверојатно, што повеќето од работите не зависат од нас, без ралзика колку се трудиш x)
Потоа дојдоа скандалот со здлемми и Хрватска, кој исто така јас лично побарав санкции од Аурора, но беа за малку одбиени...
Наредно, како Главен Командир на Аурора бев еден од главните иницијатори и организатори на единствениот досега здружен напад извршен врз нашите јужни соседи. Нападот за жал заврши неуспешно, најмногу заради наш недостаток на штета од Сириус кој одби да ни помогне, интервенцијата на Србија врз Бугарија, и секако огромнтата сума на пари која јужните тогаш ја имаа, која исто така голем дел ја истрошија за да се одбранат..

Во меѓувреме започнавме разговори и со Унгарија, и ете оттогаш чест ми е да ви кажам дека сето тоа се исплати, денес гордо може да застанеме рамо до рамо со Унгарците и да кажеме дека сме сојузници!



Се чувствував должен да ви го кажам сето ова, затоа што мојата цел како Претседател на еМакедонија за месецов не успеав да ја исполнам и секако не сум задоволен со тоа.
Не дадов некои празни ветувања како правење на Бејби Бум и доведување нови играчи, или било што.. Едноставно целта ми беше прилагодување по најновите промени (сигурно знаете за што зборувам) и слободна еМакедонија, исто така во согласност и со плановите од претходниот мандат на Фантом. За жал, ете и со последниот обид денес, не успеавме во тоа*.

*Само да напоменам дека огромен фактор за исходот во нашите востанија се и оние скриптите кои за жал се повеќе ги употребуваат и затоа ѕидот во Д4 оди до 60% кога ќе стане Епик, затоа што и Македонци маваат против Македонија. Играва е направена за да ја играат луѓе, а не скрипти, вака само ја одземувате и онаа мала забава што е останата во играва.

На наредниот Претседател барем му оставаме основа за остварување на таа цел со донациите прибрани од страна на ФантомМКД, и се надевам сите заедно ќе работиме кон остварување на тоа.




Во преден план месецов ми беше дипломатијата / надворешната политика, на која навистина треба многу внимание да се посвети, вниемание кое резултираше со официјално воспоставување односи со Унгарија што искрено и не е мала работа, ако се земе предвид фактот дека ова е единствено МПП ако не се лажам, што беше вистински бум во еСветот, и секако ја менува сликата за еМакедонија и ни дава нови можности за понатаму, склучување анти-диктаторски договор со Чиле, Бугарија и Индонезија (со Унгарија не успеав да средам, затоа што пред некое време им се смени Владата, и не добив одговор, па тоа го оставам на следниот Претседател), имав исто така и добра соработка со Дурути, Шпанскиот Претседател со кој исто така одлично комуницирав и взаемно си помагавме, кај нив против диктаторот, кај нас во востанијата.

Месецов во фокус ми беше соработката и комуникацијата со Бугарија и Унгарија, благодарност до Стоич и мојот мил пријател Матрим Каутон, и бившиот Унгарски Претседател Tarsolytestver, а воедно и моменталниот Унгарски МНР Galzra42, кој ми е драг пријател.




Огромна благодарност до мојот одличен тим кој стоеше позади мене месецов, Министерот за Напад иако прилично зафатен во РЖ сепак редовно си ја вршеше работата и имаше одлични статии, и јас сум искрено благодарен за тоа 🙂

Министерството за Надворешни Работи исто така беше активно и доста помагаше во преведување статии и текстови, закажување и оддржување состаноци.
И секако, драгиот ценет Претседателски Совет кому му благодарам за секое мислење кое го изнесе, кое беше од значајна помош за мене и еМакедонија.


Се надевам бевте задоволни од мојата работа, и дека не разочарав ами пријатно изненадив некого.


До некое наредно видување,
за последен пат вашиот Претседател
Северус Снејп






За шаут:

Последно Претседателско Обраќање [Северус]
http://tinyurl.com/mq3zdry