ВЕЧНА СЛАВА НА ОНИЕ КОИ ГО ДАДОА ЖИВОТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Day 2,665, 16:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski





На денешен ден пред точно 14 години (08.03.2001) кај скопското село Брест на кукавички начин загинува Горан Стојановски, припадник на ПЕП, откако налетал на нагазна мина во придружба на конвојот со хуманитарна помош. Потоа бил гранатиран од минофрлач од страна на терористите од УЧК.

Стројните полицајци внесуваат сигурност во извршувањето на поставените задачи. Полицаецот од СВР Крива Паланка, носејќи ги убавините на младоста на 28 годишна возраст, токму на 8 март кога требаше да и го честита празникот на сопругата, стана жртва на нагазна мина, која експлодира под неговите нозе во реонот на скопското село Брест.

Сираци останаа неговите две деца, кои ќе се прашуваат чија жртва стана нивниот татко. Градот кој давал бестрашни синови и бранители, повторно тагува по својот Горан, на кој спомен му подигна за да вечно сведочи и предупредува како се чуваше и бранеше татковината од злото на тероризмот.

Горан зад себе ги остави своите синови Ненад и Дејан, сопругата Славјанка и родителите Владо и Ратка.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!