Трогателна приказна...Таша.МКД

Day 2,566, 06:33 Published in Turkey Nigeria by Princess of Nigeria
Трогателна приказна за девојка која загинала во сообраќајка


“Мамо, излегов со пријателите. Отидовме на една забава, и се сетив што ми рече пред да излезам:
“Немој да пиеш, ако возиш”. Затоа пиев само еден спрајт. Се чувствував горда со себе затоа што го послушав твојот совет и за разлика од многу мои пријатели бев трезна! Го направив својот избор, и твоите зборови беа свети за мене.
Кога забавата заврши, луѓето почнаа да се качуваат во своите автомобили, пијани. Јас се качив во мојот со сигурност дека можам да возам. Тогаш, мамо, не можев дури ни да замислам што ме очекува.
Нешто неочекувано… Сега сум тука, лежам на земјата и ги слушам полицајците зборуваат:
“Момчето кое удри во овој автомобил е пијано”.
Мамо, гласовите се толку далечни. Крвта ми е насекаде и со сите сили се обидувам да не заплачам.
Можам да ги слушнам докторите: “Девојката нема да издржи”.
Сигурна сум мамо дека момчето што ме удри, не сакало да ме повреди. Но зошто? Тој пиел, а јас треба да умрам. Зошто животот е толку неправеден, мамо?
Мојата болка во моментов е огромна, како да ме бодат илјадници ножеви. Мамо, кажи и на сестра ми да не се плаши, кажи му на тато да биде силен. И те молам, оди кај момчето, и дај му совет, како што ми даде мене. Можеби ако неговите родители му беа кажале, сега јас ќе бев жива, мамо!
Здивот ми слабее се повеќе и повеќе, и почнувам да се плашам, навистина. Ова се моите последни моменти и се чувствувам толку сама. Колку сакам да можеше да си сега до мене, мамо, додека сум тука на земјата, додека умирам.

Сакав да ди кажам толку нешта…
Те сакам мамо, те сакам толку многу! Ветувам дека ќе те пазам, ќе бидам твојот ангел чувар, и ќе те заштитувам како што направи ти.
Збогум мамо”.



Превземено од нет