ЖЕНА... Таша.МКД

Day 2,547, 11:18 Published in Turkey Nigeria by Princess of Nigeria

ЖЕНА

До 25 години сте млади.
По 25 години сте стари.
Секој ви префрла за паметта, изгледот, килограмите или за амбицијата.
Ви ги бројат годините, брчките, стриите и дечковците, млади и стари - ве гледаат како објект.
За да успеете, цел живот треба да изгледате како девојче, да се однесувате како дама и да размислувате како тинејџерка.
Ако сте млади, неискусни сте.
Ако сте стари, ќе ве заменат за млади.
Ако сте со постари, срам да ви е.
Ако сте со помлади, пак срам да ви е.
Ако сте немажени, нешто ви фали.
Ако сте разведени, пак нешто ви фали.
Ако сте постојано со пријателки, сигурно сте лезбијка.
Ако сте постојано со пријатели, сигурно сте ороспија.
Ако сте енергични, ко машко сте.
Ако сте нежни, нема да ве сфатат сериозно.
Ако ја скратите косата, сигурно сте болни.
Ако пуштите долга коса, види, сака да се подмлади.
Ако ослабите, нешто не е во ред со вас.
Ако се здебелите, сигурно сте трудни.
Ако сте нервозни, или сте пред мензис или ви фали секс.
Оние што секогаш добро зборуваат за жените, не ги познаваат доволно.
Оние, пак, што зборуваат само лошо, не ги познаваат воопшто.
Тешко е со жена.
Тешко е без жена.
Уште потешко е да разбереш жена.
Најтешко е да живееш со жена.
( Лејла САБИТ )