Секс состаноците во Скопје - Таша.МКД

Day 2,513, 10:19 Published in Turkey Nigeria by Princess of Nigeria

(превземено од интернет)

Ви текнува како сите ви велат нема да запознаеш саглам маж по кафани, кафичи и дискотеки? Епа нема, а богами нема и ако останеш да си седиш дома. Ама некако во последно време се поретко да се натерам себеси да излезам надвор. Времево ме уби да ви кажам. Почна некако да ми смета целата таа гужва, галама, туркање, чекање за пијачка... Така се решивме да се соберемепо дома убаво женско друштво, да си направиме греано винце и да споделиме искуства за најлошите дејтови низ кои сме поминале. Верувајте имаше смеење до солзи, зошто по одреден период кога се ќе помине, престануваш да жалиш и почнуваш да се смееш на сите тие глупости кои ти се случиле. Си милиш дека само на тебе такви нешта можат да ти се случат, а далеку си од вистината кога вака или онака сите сме имале некое тотално фијаско со мажите кој случајно или намерно ги сретнуваме и решаваме да им дадеме шанса.

Кој се правилата за прв дејт ? Има милион, ама сите ќе ти набројат едно ко демек најважно , не секс на прв дејт! ОК, имав една такава врска да речеме. Се гледавме некаде 2 месеци, сакав да почекаме уште малку додека се случи судниот момент. Цело време си мислев да не го пуштив многу да чека и фала богу што не се избрзав зашто немаше да откријам што се оди по земјава.
Седиме дома кај мене почнуваме да се палиме сите тие бакнежи, допири и слично и кога ете ти едно време ми вика
-Злато а кога веќе не сакаш да легнеме толку брзо, ќе сакаш ли бар само да ми го и*п*шиш?
МОЛАМ!!!???? Добро бе мајка му !! Па која е разликата ? Боље ќе легнам со тебе одколку само тоа! Така ли ме почитуваш? Така ли ме цениш? Така ли ќе градиме врска? Ај собериси ги парталите и да те нема од тука .. толку завршивме

Дејт два
- Се запознавме на ФБ, вака ми се чинеше ок дечко. Го испланиравме првото кафе, еден час пред да се најдеме ми откажа. Му излегло нешто со другарите. Ајде бе важи, мозже нвистина нешто било итно, иако бев лута затоа што од старт дечкото не го почитуваше моето време и моите планови. Ден два подоцна излеговме. Седнавме на едно сепаренце и почнавме да збориме, како збориме човеков поглед не мрдна од телевизор. Фудбал некој, ко демек многу важен натпревар за него. Го прашав Зашто не ми кажа ќе излезевме покасно или друг ден? Ми рече не сакал да откажува по втор пат. Доброоо... Гледаш јас за тебе жртвувам важен фубалски натпревар за да пиеме кафе? А ? Гледаш што се правам за тебе ?
Браво неможев да му објаснам колку поласкано се чуствувам за тоа. Се свртев наоколу и заприметив дека во кафичот околу нас се само парови и дека и тие дечки зјапаат само во телевизорот без престан. МУ го посочив истото на кое што го добив сл. Одговор
Маче ај да ги отвориме картите, сите тие што ги гледаш тука излезени со девојките, за својата жртва, вечер ке добијат секс. А дали вечер јас за возврат ќе добијам нешто такво ? ЧЕКАЈ ДАЛИ СИ ТИ СЕРИОЗЕН? Важи носи ме дома и немој да си ми се јавил веќе. Лут не сакаше да ме остави до дома... –Тука си ок да се сомнеш така ? Можеш да си одиш дома? Можам и тоа како, фала ти! Ја лупнав вратата од кола и си викнав такси. Кретен! После две недели пак ми се јави за кафе. Ма ни за милион години не би да се видам со тебе повторно !

Дејт три
Другарка која идеше со брат му, ми вика мн е супер дечкото, ајде да договориме кафе да излеземе заедно. Се нафатив, зашто да не, од кај да знам можда таму ми е среќата. Седнавме во еден маалски кафич, малку настината поралав чај/ Вака муабетот течеше супер. Донеске келнерката сметка чакј 60 денари, нормално си се фатив за новчаникот иако по правило би сакала да ја плати првата пијачка, да се почуствувам како жена! Но... на стоте денари кој ги оставив тој додаде само 50 ден Немам ништо ситно рече ... Немам ништо ситно за да му вратам кусур. Ма иди бре у п*чку матер ти ситна душо за 60 ден ли ке се натегаме . фала што направи да се почуствувам како вистинска дама. На влез од зграда проба да ме пољуби, извини побарај ме за едно милион годиони

Дејт четири
Се запознавме така малку на фатено во диско таа вечер сменивме бројчиња, рече ке ме бара за на кафе. И ме побара ме однесе во некоја биртија, боже неможев да поверувам какво место беше. Се некои чудни ликови...Веќе по првите минути сакав да си заминам. Извини ми рече... Извини што морав тука да те донесам, ама јас сум женет, не би сакал да си направам проблем, а веќе оддамна бракот не оди како што треба... станав и си отидов, не ни имав сила, не ни сакав да објаснувам, ми дојде голема желба да му ја смачкам фацата, се воздржав и се помолив подобро да останам немажена одколку со таков...

Дејт пет
Непамтам каде се имавме запознаено, ама често се гледавме низ град и си имавем едно здраво. Една вечер случајно во кафана додека чекавме ред за ВЦ разменивме ФБ подовна и тел бр и по долги чат разговори излеговме на пијачка. Дејтот беше совршен, се смеевме најдовме мн заеднички работи, на испрачање се пољубивме ах се бакнуваше одлично. Рече ке ме побара... но никогаш не ме побара повторно.. Некои работи остануваат мистерија....

Ги поивме чашите и наздравивме за куп девојки без мажи затоа што нели прибираме ПРЕмногу...

П.С. Штиклите и критериумите за мажи треба да ти бидат една работа ВИСОКИ!!!