[Ден 1203] Промени - пред и потоа

Day 1,199, 05:58 Published in North Macedonia North Macedonia by PeroRak
Штовани публикуме...



Вчерашниот ден беше доста интересен ден во еРепублика сите бевме во некоја револуционерна еуфорија... и самиот Che ќе ни позавидеше...





Денес откога се смирија страстите да погледнеме одблизу зошто се крена толкава прашина и да пробаме со ладна глава да ги изанализираме работиве.

Сите добивме известување дека од ден 1203 ќе има одредени промени во еРепублика кои драстично ќе изменат некои работи. Па да погледнеме за што се работи.

1. Ограничување на количината на злато што еден играч ќе може да ги добие како донација од други играчи на 10 g на ден.

2. Ограничување на количината на злато што може да се купи на маркет во текот на еден ден исто така на 10g.


Е сега да видиме кои се предностите и негативностите на овие промени:

Pros:

- Со воведување на овие промени ќе придонесе играчите кои имаат многуууууу мулти акаунти да не можат да донираат злато на својот главен акаунт.

- Ќе се намали влијанието на мнооогу јаките играчи во битките т.е тие нема да може добиваат неограничено злато за да учествуваат во битките. Ова е многу добро затоа што ќе се избегне ситуацијата кога му се дава на еден играч тооон злато, а со тоа он се развива додека другите тапкаат во место. Со овие измени тоа злато ќе мора да се распределува на повеќе луѓе што значи дека и тие ќе можат да напредуваат. Тука е прашањето околу кое се кршат копјата затоа што ова не им одговара на појаките играчи тенкисти. Затоа и мислам дека се крена овој бунт... пред се тој беше предизвикан од појаките играчи...
Дали некој се запрашал: А што со останатите ??


Cons:

- Играчите можат да дојдат до повеќе злато само преку купување на истото, со што се фаворизираат играчите што трошат пари на оваа игра, што е донекаде и нормална работа затоа што тие платиле. Тоа е и основната цел на креаторите на оваа игра. Пари братче пари...

Mico Atanasiu - Pari Pari



Засега толку од мене... Јас ги подржувам измените.... А вие??


Панче,
Over & Out


П.С Ве молам за глас и претплата...