Едно детство парт 1

Day 2,389, 00:22 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Пред некој ден стануем сабајле рано со јака куродрвица и одам пред огледало се драпам и се гледам. И што да видам!? На главава 3-4 влакна побелеле. У тој момент нешто у мене ми вели е Фиљо си остарел. Ти поминала младоста. И почнав да се присеќам на моето детство. Да се разбереме многу си го сакам детството пошто ми се десиле и убави и лоши работи. Сум пробал се и сешто за да не ми биде криво после. И не жалам за ништо. Е сега ми текнуе ко вчера да беше, а јас веќе имам 4-5 години. Ми текнува како јас и мојата генерација и некоја генерација пред и после мене сме се забавувале и ни поминувале најубавите години во игра и дружба, во уживање и забава и во тажни и весели моменти. Се имало. Еве дури и се влажнам у очи додека ми се враќаат спомените еден по еден али си викам у себе плачипичко не цмизди и издржи како маш.
Да започнам најпрво со тоа што тогаш се давало на ТВ. Сите што се троа постари, а ги има многу у играва им текиње на следниве цртани филмови и сигурно имале омилен од нив:
Кире Стипсата- Лазароса без навреда али цртаниов беше закон у мое време со Перо Ракунот и остала тајфа.
Летечки Мечиња- Не верувам дека некој не ги гледал како помал и не чекал да види што глупост ќе направат Дуле и Смрдле.
Штрумфови-Сите машки се палеа по некоја штрумфета
Ова се само мал дел од подолгометражните цртани што тогаш се емитуваа. Од останатите ги издвојувам : Чевлички, грашковград, Кире бананамен, Тетка биберче, Нинџа желки, том и џери и остали варнер брос и дизни животињи. Јебига голем избор е па неможам сите да ги набројувам.
Со овие цртани сите растевме, а у исто време гледавме и некои сериски детски филмчиња како палафковци и слични на нив. Е тоа другови беа денови на убави цртани со одлична содржина 🙂, а не како денешниве без врска демек учиме енглески.
Дали ви текиње кои филмови ви беа омилени, на кои најмногу сте се смееле, најдобра акција и слично?
Ви текнува на Станлио и Олио, Рамбо, Онај со Чарли Шин што испука миљон куршуми, на филмовите со Лесли Нилсен и оние Има ли пилот у авионот и Полициска Академија?... На Македонските народни приказни, еден куп Македонски мини сериски филмови, Женски Оркестар, Сомнително лице, Џемо биљбиљ?...
У мое време немаше многу избор за технологија ко денеска. Место селфи да прават у школски ВЦ-а, у тоа време се играше фудбал по цели денови, Се одеше на флипери, игравме жмурка, седевме со сендвичи у рука навечер у маало, игравме џамлии ( јас играв ластик пошто многу ме болеа рацете од џамлиите да некажам ми ги ќаруваа цело време, али што имав една нафталина леле глава болеше од неа). Тогаш другови мои не ни пречеше дождот и снегот и по цели денови да бидеме мокри. Тогаш врв на технологијата беше да имаш Видео (помладите ќе помислат некој порниќ али не е така), Нинтендо и Комадоре. Се изнајмуваа касети за да гледаш филмови со другарчињата. Правевме и финти да не не фатат дома со порниќи па на сред касета на некој филм ете ти некоја теткица како урла од некој чопор што и се изнаредил. И таквите ги чувавме на скришно место (под кревет). Да не се лажеме сите имавме касетофони и вокмени и слушавме Алпина (оди дома малолетничке, Сега касно е, Што чудо беше), Кисми(Две очи расплакани, Вале валентина, За тие очи плави...), Опус (3 кила банани), Ѓоко Дончев, како и по некоја српска од Цеца, Драгана Мирковиќ, Тајчи, Црвена Јабука, Бјело дугме и остали, а у поново време Луна, Колонија, Др. Иги, фанки Џи... Од странскиве се наоѓаше најмногу Спајс Грлс и Бекстрит Бојс и чат пат Мадона со Продиџи. До душа и ден денес си ги слушаме некои песничиња од овие што ни биле коњак да не се лажеме.
Тоагаш на симпатиите им мававме чврги и ластици, а они не кубеа и штипеа (така изјавувавме њубов, малце на болен начин али сме знаеле уште од мали дека љубовта боли), а не ко денес одма у кревет. И вошки имавме и пак ни беше добро. Купувавме и јадевме печени шеќерни јаблчиња набиени на стапчиња, шеќерна волна и многу лижевме снежец, руменко и слонче. Џвакавме барути и базука мастики и чат пат по некоја чунга лунга или дракула. Пиевме портоколада и грицкавме сончоглед. Собиравме и се мењавме со сликички од светски и остали првенства и животинско царство. Во основно секој имаше своја наставничка на која потајно сакаше да и се качи и едвај чекаше да дојде со сукњиче на часови а ти на патиките си залепил огледалце и се тепаш да седиш у прва клупа пред неа за да видиш какви гаќички носи. Тогаш да бациш цура беше невозможна мисија. Одма јадеш шамар, а сега нема ни бацување одма се преминува на главно јело па уз пат мож ќе ја залапаш.
Дали ви текнува дека тогаш у мода беше да имаш оригинал патики, левис 501 фармрки, капчиња?...
Ви текнува ли колку ги малтретиравте вашите да ви ги сошијат фармерките или капчињата за да личат како оригинали? Ама ниој не признаваше дека му се маде ин пичку си матер. Сите бевме фраери. Ете драги мој публикуме на колку малку сме се радувале тогаш и ќе го памтиме доживотно па мож и ќе раскажуеме на нашите деца, внуци и остали комшичиња како ни било.
Е сега го разбирам дедо ми кога ми раскажуваше за партизаните и германците. Јас му се смеев дека се едно исто раскажува али тоа било голем дел од неговото детство и младост.
Наспроти тоа денешниве деца (до 8мо, а за другите у наредна статија ) сакаат преку леб погача. Денс да бидеш фраер значи да имаш најака графичка, паметен телефон, ФБ со разголени фотографии направени кузнај каде и со кого ( па после ги манијачеле), да се буфташ анално со незнам кој итн. Денес се имаат само детство НЕ.
Ќе каже сега некој абе овој фиљо забегал скрос. Види што пишува... Е да, забегал он одамна и неможе да се врати али проживеаното у текот на младоста ( уште сум дете у мозок) ќе го раскажува многу. Има многу што да напише.
Ете ова е само мал дел од детството на некоја генерација одамна (бар од 5-12 години и тоа од времето на Југославија па до почетокот на самостојна Македонија), за другите дешавки у наредна статија.
Сега можете слободно у коментар да пишете што сум заборавил да допишам, а овие пилиштарциве можи и да не ме читаат пошто за ваков пишан текст нивната графичка е немоќна да го направи подобар.
ПИ. ЕС. Сега министерствово за образовани слободно може да направи прашање за екстерно по Македонски за мојот дијалект и жаргон. Пример зошто Фиљо место ВО става У у неговиот текст?
Ако и го бапнам у или во анал исто ми се фаќа верујте.
ПИ. ЕС пута 2: Имам уште некој текст да допишам од моите живописни мемоари што сум ги поминуел по кафани и дискотеки и што сум правел чудесии и да објавам една лектира таман за 3-то одделение. Робинзо Крусо може вода да ми носи (имам повеќе дешавки од него) и Алиса од земјата на чудата може за малиов да ми се фати. Нек учат деца што е мука кад на Фиљо му се клука.
Бидете ми поздрвени до следното пишување.