Ден 1068- Горд сум што сум Македонец

Day 1,068, 09:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Afroks

Почитувани сограѓани!
Ја користам мојата прва статија да ја искажам гордоста и впечатоците кои и добив во моето 5 дневно постоење во еМакедонија.
Денес сме во првите 10 земји по население. Има повеќе Македонци од Кинези 🙂
Иако сме нова држава сепак сме организирани и обединети. Постарите членови се активни и помагаат во секое време. Ми требаше само 1 ден да дознаам се што ми треба и да ги добијам насоките кои ми беа потребни. За тоа сум многу благодарен.

Иако играта на почеток изгледа монотоно, одиш на работа, тренираш и освен тие две работи ништо, еве после 5 дена го креирам мојот весник. Денес учествував во првата битка против Романците, убив тројца и сепак го зачував здравјето (се прејадов леб 🙂. Сега е многу поинтересно и моето трпение се исплати.
Тоа е моето искуство кое можам да го пренесам на поновите членови. Играта набрзо станува интересна и затоа не се откажувајте. Бидете активни и тоа накрај ќе ви се исплати.

Сега останете ми со здравје. Бидете здрави, храбри и активни играчи. И не заборавајте да јадете леб 🙂