ТОП 10 НЕПОЗНАТИ РАБОТИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Day 1,757, 05:25 Published in North Macedonia North Macedonia by DGKukusev

Ова мало парче земја својата убавина и вредност ја потврдува гордеејќи се со сето она што може да се најде на нејзино тло, а за дел од убавините и историските факти дел од нас можеби и никогаш не слушнале. Иако има многу повеќе, се одлучивме да ве запознаеме со десетте работи за нашата преубава земја кои можеби не сте ги знаеле.



1. Првата жена покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир.

Во Светото писмо се говори дека свети апостол Павле во Троада имал видение на еден човек Македонец кој го молел и му велел: Премини во Македонија и помогни ни! Евангелистот Лука во Делата запишал дека разбрале дека станува збор за Божја промисла таму да се проповеда Евангелието. Црквата во Филипи била првата Европска црква што ја основал апостол Павле. Света Лидија е камен темелник на Црквата во Филипи. Таа е прва личност која што била крстена од страна на апостол Павле на европско тло и затоа се прославува како прва христијанка – Европјанка.

Била богата и побожна жена, омажена во градот Филипи, а потекнувала од малоазиска провинција, од градот Тијатир кој бил македонска колонија. Лидија била продавачка на порфир, скапоцени црвени ткаенини кои се изработувале во Азија, а европјаните ги користеле за своите богати облеки.



2. Браќата Јанаки и Милтон Манаки, биле првите филмски сниматели на Балканот.

Тие се родени во влашкото село Авдела, во денешна Грција.

Јанаки бил образован и талентиран за цртање, а помладиот Милтон бил темпераментен и имал голема љубов кон коњите и играта табла. По завршувањето на образованието, во 1898 година Јанаки се вработува во гимназијата во Јанина како професор по цртање и калиграфија, а истовремено отвора и фотографски дуќан. Така започнува нивната заедничка работа во фотографското ателје каде Милтон го изучува фотографскиот занает од постариот брат.

Во 1905 година браќата се селат во Битола која во тој период била важен политички, економски и културен центар на Балканот, и го отвораат познатото „Ателје за уметничка фотографија“. Битола ќе остане и последна станица во животот на Милтон Манаки. Според сеќавањата на Милтон, таа година брат му Јанаки од Лондон купил филмска камера производство на компанијата “Charles Urban Trading” и тоа 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Така, со таа фамозна Камера 300 започнува кинематографијата на Балканот.

Браќата Манаки ќе учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.


3. Гробот на еден од најславните Грци, славниот Грк Зорба се наоѓа на градските гробишта во Бутел.

Станува збор за Јоргос Зорбас кој во пролета 1922 година ќе допатува во Скопје каде што ќе отвори и рудник. Следните две десетлетија, сè до смртта, Јоргос Зорбас ќе ги помине во Скопје, каде ќе биде запаметен по саботните пијанки низ месните кафеани, посебно во гостилницата „Маргер“. Сето тоа, а и она што го работел пред доаѓањето во градот на Вардар, ќе останело на скопските гробишта Бутел да не бил неговиот пријател Никос Казанѕакис кој неговиот живот и доживувања ги опишал во романот „Доживувањата на Алексис Зорбас“.

Во 1964 година ќе биде снимен филмот „Гркот Зорба“, кој до денес остана едено од најдобрите филмски остварување во историјата.



4. Охридскиот чинар е едно од најстарите дрва во светот.

Легендите и преданијата велат дрвото е старо неверојатни 1.100 години, па дури и дека го засадил лично св. Климент Охридски. Постојат и други мислења според кои дрвото е старо ‘само‘ шест века, но прифатено е првото становиште.

Охридскиот Чинарот е своевиден симбол на Охрид. Сведок е на многу љубовни приказни, но сведок е и на многу егзекуции. Крај чинарот почнувал и крај чинарот завршувал животот. Тука, на едно место, во текот на 11 века се собирале човечките јадови и неговите радости.



5. Во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите и во кои се облечени највисоките достојници на православните цркви.

Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

6. Музиката во Македонија датира од 11 век.

БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма од 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.
EDIT
музиката во македонија датира уште од старата ера, станува збор за Бригите (Фригите) кои воедно ја имале една од најстарите музички скали во историјата. Тие имале Белазгиско (пелазгиско) потекло како и ние денешните Македонци.


7. Охридскотео езеро е едно од најстарите во светот.

Неговата старост изнесува 4 милиони години. Во светот само уште четири езера и тоа Бајкалското, Танганика, Ховсгол и Титкака се стари колку него. Карактеристично е по тоа што во него има 200 ендемски видови кои се од светска важност.

8. Во Македонија се годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и се претпоставува дека македонското вино е едно од најквалитетните во светот.


9. Архелозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха.

Во околината на Неготино се пронајдени коски за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30.000 – 100.000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.

10. Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот.

Заради тоа, во 2005 година година, Американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место. Првите четири опсерватории според НАСА се: Абу Симбел- Египет, Стоунхенџ- Велика Британија, Ангкор Ват- Камбоџа, Кокино- Република Македонија.