Македонска зора-ВЕПП бр.10 Нови промени! Нови Ресурси!

Day 1,289, 13:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Karan.SS
ТУКА ТРЕБА ДА СТОИ ЛОГОТО И ИМЕТО НА ВЕСНИКОТ АМА НЕМАМ СЛИКА



Здраво живо Македонки и Македонци!


Оваа статија ја пишувам со цел да ви ги преставам новите ресурси кои ќе бидат вметнати во играва следниве неколку дена.Знам се прашувате од каде ваква информација но имам ИНСАЈДЕР дојава од еден лик(ве молам не прашувајте кој е,таа информација ќе си ја задржам за себе) кој ме навестува предвреме за сите промени!

Изгледа покрај се,Платон и не е така лош.Со новите ресурси и продукти ќе дојде до стабилизирање на цените на маркетот,а покрај тоа со користење на истите ќе имаме и дополнителен бонус во инфлуенсот! 🙂

Цените на ресурсите ќе зависат од регионот во кој се одгледуваат ресурсите и како се одржуваат така да најверојатно ќе треба да формираме Министерство за Земјоделие и Инспекторат за квалитет на Р.eМакедонија,и да изградиме добра стратегија,со таа постапка ќе бидеме поконкурентни и ќе пласираме подобар производ на пазарот!


ЕКСКЛУЗИВНО НЕКОЛКУ ФОТКИ СО ПРОМЕНИТЕ ВО еРЕПУБЛИК!!!
(кликнете десен клик на сликите и Open image in new Tab ако сакате да ги видите зголемени)






ФАРМИ!



Фарма за производство на ресурси! (продуктивноста ќе зависи од посветеноста и љубовта кон работата од страна на работникот)!


КОМПАНИИ!



Фабрика за производство на конечниот производ!



ВАЖНО!!!

Продуктивноста ќе зависи од квалитетот на компанијата,а квалитетот на производот од искуството на менаџерот и неговите работници,така да пазете!!


ВИДОВИ НА ПРОДУКТИ!






К1-Џоинт : 5% бонус во инфлуенс.

К2-Џоинт : 14% бонус во инфлуенс,(имате блага промена во перцепцијата!Играта станува поинтересна)

К3-Љуле : 38% бонус во инфлуенс,(значителна промена во перцепцијата!ги проширувате вашите хоризонти,убивате по 3 непријатела со 2 клика)

К4-Колачиња: 51% бонус на инфлуенс,(перцепцијата е целосно сменета,мислите дека сте појаки од Скимекс и Ромпер заедно)

К5-Чајче : 73,4% бонус на инфлуенс, (едноставно сте во друга димензија,еСветот за вас е шала, влегувате во СТАР ТРЕК сценарио и сте несопирливи).



Засега ги имам само овие информации ако има некоја промена ке бидете благовремено известени преку мојов весник!!



За да не се мачите да го барате весникот кликнете SUBSCRIBE! а воедно ставете и Vote!----така ќе помогнете оваа новост да ја видат повеќе људи!

ЗА ШАУТ:
Нови Промени!Нови Ресурси!
http://miburl.com/YOvyFJ


Благодарим за вашето внимание!!! Бидете на готовс оти следуваат промени!!!


Поздрав!!!
Македонија на Македонците!!!














WHY DO YOU TAKE ME GANJA AWAY Music ambient ON/OFF (кликни)