Вицотека 1 - дел (Subscribe & Vote)

Day 1,904, 06:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojandav

1. Лавот ги собрал на куп сите животни и им наредил:
- Убавите ќе застанат од левата страна на потокот, а интелегентните од десната.
Почнале да се редат животните и сите си го зазеле местото, само жабата стои здрвена во место.
Лавот ја прашува:
- Жабо, што чекаш ти?
- Па,тогаш да се расчеречам!


2. Доаѓа Груевски во посета на детска градинка. Ги гледа малите деца како си играат и вели:
- Ставрески! Дај пиши чек на 5000 евра за подобрување на животните услови во градинкава!
Ставрески пишува чек и продолжуваат понатаму со посетите. Сега го посетуваат затворот Идризово. Ги гледа Грујо затворениците кои се таму и вели:
- Ставрески! Дај пиши чек на 5 милиони евра за подобрување на животните услови во затворов!
- Па, како за децата пет илјади, а за овие злосторници и разбојници пет милиони? – се чуди Ставрески.
- А ти, Ставре, кај мислиш дека ќе одиш по наредниве избори – во градинка или во затвор?

3. Во морето весело пливало семејство сардини. Наеднаш здогледале подморница. Најмалата сардина се исплашила и се сокрила зад мајка си.
- Не се плаши, - и’ рекла мајка и’ - тоа се само луѓе во конзерва.


4. Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште. Доаѓа Трпе, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите. Гркот до прозорецот вели:
- Мислам дека ќе одам по кока-кола.
На тоа Трпе му вели: - Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.
И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот. По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел. Слетува авионот, а Трпе ги облекува чевлите, се намуртува и вели:
- До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока-колата?!

5. Седи пензионер пред Собрание и мачка гомна на парче леб. Поминува Груевски и прашува:
- Што правиш, човеку?
- Криза, Премиеру.
- Еве ти илјада денари, тргни се од овде, ти се молам.
Груевски си оди, а пензионерот си ги става парите во џеб и продолжува да мачка на лебот.
Поминува Ставрески и го прашува:
- Што правиш, човеку?
- Криза, Министре...
- Па, мачкај потенко, ќе биде уште полошо.


6.Во некое македонско министерство снемало струја, па министерот се појавил пред службениците.
- Денес сè ќе правите рачно – им наредил.
И тогаш сите извадиле по еден шпил карти.


7. Влегува тип во кафана и уште од вратата извикува: - Сите политичари се кретени!
Еден од гостите станува и вели: - Еј, немој да навредуваш!
- Зошто, да не си политичар? - прашува типот.
- Не, јас сум кретен!

8. Паметните луѓе секогаш се полни со сомнеж - објаснува професорот по филозофија. - Додека будалите секогаш се совршено уверени.
- Дали сте сигурен? - прашува Трпе.
- Апсолутно - вели професорот.