Просперитет и единство лекција 1 РЦ ’’АрАмии’’

Day 1,179, 16:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Panovski

Почитувани Македонци

Оваа недела требаше да паузираме со јавувањата од регрутниот центар како би им дале шанса на регрутите и инструкторите да се запознаат подобро и да продолжат со обука.

Сега ке влеземе во една од училниците за да видиме како тече наставата по предмет Како да потрошиш 13 000 злато и ич да не ти чуе.

Ќе пробаме да направиме и ексклузиво интервју со инструкторот по овој предмет

Ајван_лева рука_десен џеб



Господине Ајван извинете што ве прекинуваме дали би одвоиле 5 минути од вашето време посветено на чоркање за да направиме едно екслузивно интервју.

Да да секако само да се пресоблечам.



Господине Ајван што ке ви е тој монитор?

Абе се испазни државаната каса а од инструкторска плата не може да се преживее.
Оваа е се ситна роба од дучанчина.

Б. Првин да ви се заблагодарам за интервјуто и за овие неколку минути што ги оделивте за мојот весник. Прво прашање ке биде како ви се допаѓа во регрутниот центар?

А. Благодарам на поканата многу сум задоволен од одзивот на кандидатите, има потенцијал во нив и сигурен сум дека од нив заедно со останатите инструктори ке направиме професионални ќоркачи на државни пари кои ќе го продолжат нашето дело.

Б.Ќе ни кажете ли која е тајна на успехот да се бидне професионален дрпач на народни пари?

А. Па многу е важно да си слаткоречив и да фаќаш на популизам, додека они се радуваат на твоите зборови и се восхитуваат можес слободно да дрпаш колку сакаш.

Б. Сега кога државната каса е испразнета како ке давате пракса на регрутите?

А. Државната каса е изпразнета моментално, но ке се наполни додека има овци ке има и волна за стрижење.

Б. Можете ли да ни кажете која од лекциите им е најомилена на кандидатите?

А.Најомилен дел од наставата им е како да дрпнат што повеќе а да не дадат никаков отчет за тоа, оваа лекција е многу тешка за совладување и бара многу нерви и да се правиш на тошо.

Б. За да не ве задржуваме понатаму гледам дека кандидатите ве чекаат што би порачале за крај?

А. Би порачал на сите играчи да донираат што повеќе голд во државни организации и да плаќаат што повеќе данок не е фер нашите кандидати да останат без пракса. Се за Македонија (хахахахаха малку популизам).

Б. Блaгодарам за вашето време.

Ете тоа беше кратко јавување од РЦ “АрАмии”

Сите за Македонија, Македонија за АрАмии

Поздрав