вицови - (1 del)

Day 1,314, 15:28 Published in North Macedonia North Macedonia by KatalonecMKD
1 Министерот за финансии и премиерот се шетаат низ еден град во една далечна безимена држава за време на предизборна кампања и доаѓаат до една градинка.
Воспитувачката им се жали како нема услови во градинката, треба да им се обнови игралиштето, да им се подобри храната и сл…
Премиерот се врти кон министерот за финансии и му вели:
- Дај 200 000 евра за нашата младина.
Продолжиле со прошетката и доаѓаат до еден затвор. И таму шефот на затворот почнал да се жали за тоа како немаат кревети, туш кабини, и сл…
Премиерот повторно се врти кон министерот и му вели:
- Дај му 2 милиони евра.
Кога излегле од затворот министерот го прашува премиерот:
- Премиере, зошто на нашата младина им дадовме 200 000 евра а на криминалците 2 милиони евра?
- Што мислиш ти, после изборите каде ќе завршиме, во градинка или во затвор!?


2 Како гласи јапонската поговорка?
- Кој рано рани, го однесе цунами.

3 Што се добива кога ќе се сретнат четири свештеника?
- Поп група.

4 Професор прашува студент:
- Кој е омилениот одговор на студентите?
- Не знам!?
- Точен одговор.

5 Груевски, Саркози и Берлускони патуваат со авион и пилотот им вика:
- Ни снема гориво, но имаме само еден падобран, како ќе успееме.
- Ајде да гласаме! – вели Груевски.
Сите се согласаат! Гласаат и победува Груевски. Си го зема падобранот, и се фрла.
Берлускони му се врти на Саркози и му вели:
- Како освои 40 гласови, а ние сме само 3 луѓе?



Aко ви се свиѓаат Вицовите Ставете Vote i Sub