Колку Македонци има на еРепублик

Day 635, 13:57 Published in Bulgaria North Macedonia by Eddie Rebel

Во последно време колку што гледам напорите на Македонците на еРепублик се насочени кон креирање на наша држава еМакедонија. И сето тоа е за пофалба и е повеќе од добро,но држава со 200 Македонци тешко да биде некој фактор. еБугарите се над 440, еГрците на 6000, еСрбите над 8000. Според мене најважно во овој момент е привлекување на уште повеќе Македонци кои би ја играле еРепублик. А и секој од нас може преку мејл, скајп, мсн да ги покани своите пријатели. Не само што нема да го кошта ништо, освен малку време туку така може да добие злато, официјално да стане social builder, и да ја направи играта попривлечна со тоа што во неа ќе учествуваат луѓе што ги понава во реалниот живот.

П.С. На јасно сум со фактот дека со креирањето на еМакедонија ќе се привлечaт нови играчи од Македонија, но исто сметам дека еден добар дел од Македонците и после креирањето на еМакедонија ќе си останат во земјите во коишто се сега поради поголемата економска корист и побрзото напредување.

Толку во овој прв пост. Секој коментар е добредојден.