Дневна Анализа / Ден 1,520 + Помош за новите играчи

Day 1,520, 09:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Hristijan T.

Пред да почнам со ДНЕВНИТЕ АНАЛИЗИ сакам да кажам збор, два за мене. Играм ерепублик подолго време но дури сега одлучив да се вклучам во новинарството заради секојдневните прашања кои ги гледам од новите играчи. Со статиите кои ке ги објавувам секојдневно главно сакам да му помогнам на новите играчи, а исто така и на постарите со цел да се информираат за случувањата во еМакедонија.Исто така на крајот на статијата ке оставам простор за ПРАШАЊА и ОДГОВОРИ овој простор е наменет за сите кои имаат било какво прашање, се што треба е да го напишите вашето прашање во коментар и во најбрз период јас ке одговорам на вашето прашање.


Дневна Анализа Бр. 1

За денес ке издвојам два поважни настани најпрво за пораката која ја потресе еМакедонија и еСветот но сепак одкако се разјаснија работите испадна дека не е толку страшно колку што изгледаше единствено што се укинува e кутијата со алатки или toolbox.Да не должам многу околу оваа промена, за повеке информации можите да ја прочитате статијата на lazarosaMKD каде подетално ја објаснува ова промена и кажува за некои други промени од минатото. Вториот настан е НАПАДОТ на еАлбанија, во првите неколку битки имавме голема предност но како што поминуваа битките предноста стануваше се помала и помала.Во моментот се води тешка битка каде што сите еМакедонци, а и многу сојузници го даваат својот последен удар за еМакедонија која го нападна регионот Southeastern Albania кој е богат со нафта. Според мене еМакедонија повторно се врака на колосек после кризата која ја имаше зафатено. Грците предложија закон за природен непријател кон нас, но немаја доволно храброст па не го изгласаја сега она што преостанва е да се бориме еден на еден со еАлбанија.Исто така денес имаше организиран напад на ФАЛАНГАТА каде што беа опремени членовите кои беа на канал.ФАЛАНГАТА направи 5.000.000 штета за еИран во востанието против еТурција но и покрај тоа еТурците ја добија битката. Доколку има нови случувања во еМакедонија до крајот на денот весникот ке биде ажуриран.


ОДГОВОРИ:
Ова е делот како што најавив на почетокот каде ке давам одговори на сите прашања на новите играчи.(прашањата поставувајтеги во коментар)
1.(JaneAsterix) Малку потешко е да профитираш на ММ треба да ги следиш понудите. Околку фимите мое мислење е дека треба најпрво да си обезбедиш леб, а потоа да одиш на фирми за оружје(ако немаш оружје можиш да маваш ама без леб малце потешко) јас на твое место би ја мигрирал фирмата за оружје во фирма за леб. Ова е само мое мислење немој да ме сватиш погрешно. позз
2.(2e1e21e21) Ако мислисш за влез во ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА тогаш тоа можиш да го направиш во Community--->My Party--->Join a party тука ке ти излези листа на партии па сам ке можиш да одбериш во која партија сакаш да бидеш член. Ако мислиш на тоа да станиш дел од владата тогаш почекај пред изборите за претседател прочитајги кандидатурите па пишиму на оној што мислиш дека најдобро ке ја води државата и понудиму да бидеш дел од неговит тим. позз
3.(Nightboy.Newgeneration) Играч кој ке те одгледува или спонзорира не ми се верва да најдиш, доколку имаш потреба од помош оди на каналот на еМакедонија таму можиш да прашаш за помош, исто така имаш и министерство за здравство кое го води Zlatko Kaskarevski можиш кај него да се обратиш ако ти е потребна помош. позз


Разгласи:
Дневна Анализа / Ден 1,520 + Помош за новите играчи
http://www.erepublik.com/en/article/-1-520--1948551/1/20