А1 АНАЛИЗА ЗА КОНГРЕС ИЗБОРИ 25/03/2013

Day 2,045, 09:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Darko555

За разлика од минатите избори со овие избори можеме да се пофалиме дека поминаа фер и во најдобар ред.Од вкупно 1082 гласа победник во овие избори е партијата Солун,Македонија и тоа со 329 гласови или 30.27% ,иако партијата во време на кампања беше проследена со многу скандали,поделени мисли и идеи на членовите,дури имаше и идеа да се бојкотираат овие избори која ја обелодени А1 во своите претходни статии,исто така партијата Солун,Македонија во претходниот мандат направи една од најлошите стратегиски потези "воздушниот напад" со кој Македонија изгуби многу пари и други средства,но освен тоа на Македонија драстично и се намали репутацијата со што во странските медиуми беше мета на смешни статии,стрипови,вицеви и други пародии.На второ место е партијата Обединета еМакедонија која освои 262 гласови или 24.10%.На трето место е Републиканската партија со 197 гласови или 18.12% и исто така оваа партија за 26 гласови беше во мртва трка со партијата Маcedonian Order-United party која освои 128 гласови или 11.78%.Одзивот на овие избори за разлика од претходните конгрес избори е намален за 132 гласови а тоа се должи на зголемениот број играчи кои престанаа да ја играат еРепублик.


А1 им честита на сите кандидати кои на овие избори постанаа конгресмени и верува дека состојбата на Македонија ќе се подобри.