Кандидати

Day 2,449, 12:08 Published in North Macedonia Croatia by Aleksandar Makedonskiiii

Добар ден на сите,

Во претходните избори, се водеше битка помеѓу Mr. Santinoo и Hristijan Tasevski. Кандидатот на ОеМ успеа да победи тесно во таа битка и да стане еден од најтроланите прецедатели и можеби најнеактивниот прецедател.

За следните избори досега има 4 кандидати, се извинувам на оној 5от доколку го има за тоа што не е во статијата, но нема да бидам во можност наредните денови да ја напишам статијава па затоа сега, да ви ги претставам кандидатите за прецедател на еРМ за месец Август 2014 година. Кандидатите се следни:



Интервју со Tiger Unlimited - кандидат од Републиканска Партија

1. Што ќе направиш доколку станеш прецедател?
- Здраво, па што би направил секако прво би се фокосирал за МПП-та уште некое да додадеме или да ги задржиме овие што ги имаме. Како второ би се оттргнал скроз од војна со Јужен Тросед барем да останеме финанскиски стабилни. Доколку би сакал народот да се бориме би мавнал еден АС кај што сакаат тие, за да не им е досадно. Како трето ќе го активирам каналот за поделби кога што ќе се пука, кога ќе има тешка битка за нас или за пријателите. Што ќе се потрудам да биде 80% средства од мене.
2. Кој од кандидатите го гледаш како најголем ривал?
- Кој од кандидатите го гледам како најголем ривал, па сите нормално сега се е можно не смееш никој да потцениш.
3. Дали може да се очекува АС во твојот мандат, а да ги зачуваме и регионите во Австралија?
- Наведено е во првото прашање.
Интервју со Mr. Santinoo - кандидат од МНД (Македонско Национално Движење)

1. Што ќе направиш доколку станеш прецедател?
- Ако станам ЦП ќе дадам се од себе да го сменам мислењето на оние 20 лица кои ме мразат од дното на душата и мислат дека сам себе си се гледам како нешто посебно. Значи ќе дадам се од себе барем да бидам далеку подобар од сите, активноста ќе ми биде главното нешто со кое ќе остварам резултати.
2. Кој од кандидатите го гледаш како најголем ривал?
- Како ривал не гледам никој,ако ел че одеше сериозно за ЦП јас немаше да одам, го прашав, а тој ми одговори дека нема да оди на избори. Така да останатите ги гледам како пријатели, ако дадат се од себе за Македонија тогаш ќе биде исто како јас да сум победил.

3. Дали може да се очекува АС во твојот мандат, а да ги зачуваме и регионите во Австралија?
- За АС зависи од понатамошната политика, минативе 2 месеца имаше шанси за АС и според моите разговори со одредени лица од други еДржави мислам дека има простор и во наредниов месец, а главен приоритет пред се е да се зачуваат териториите во Австралија.
Интервју со Panajot - кандидат од ДОЈКИ

1. Што ќе направиш доколку станеш прецедател?
- Играва е далеку од тоа што беше порано, не сум од самиот почеток, ја играм не цели четири години. Има воведено нови правила т.е. промени, алгоритмите се сосема различни од порано за пресметка на јачина на самиот играч и уделот во една борба, како и самите борби кои се поделени на четири нивоа, граница од поени, одредено време на линеарно растење на тие поени во самата борба итн. Економијата е тотално сменета (читај упропастена)...
- Периодот кога Македонија имаше над 20 територии низ 3 континенти тешко дека ќе се врати баш поради тие промени, а и нема толку активни играчи во Македонија како порано, плус ги немаме и тие 2-3 јаки играчи кои играа со реални пари и ги туркаа сите борби некако.

2. Кој од кандидатите го гледаш како најголем ривал?
- Ривал никого не го гледам во играва, бидејки нели, е само обична игра.

3. Дали може да се очекува АС во твојот мандат, а да ги зачуваме и регионите во Австралија?
- За АС од правилото во играва за региони со ресурси кои мора да се поврзани до главниот град за да има поголема продуктивност има план, ама за тоа од после...
Интервју со krste83 - кандидат од ТМОРО-ВЕП

1. Што ќе направиш доколку станеш прецедател?
- Би направил барокна фасада и секако нова фонтана.
2. Кој од кандидатите го гледаш како најголем ривал?
- Не сме ривали туку сите сме колеги.
3. Дали може да се очекува АС во твојот мандат, а да ги зачуваме и регионите во Австралија?
- Во мојот мандат може да се очекуваат возбудувања.



Еве што проговорија и можеби двајцата најактивни играчи во овој период, барем за мене доволно искусни и зрели за да можат да кажат нешто добро, позитивно за кандидатите па и по некоја критика.
Интервју со PhantomMKD - стручњак

1. Што мислиш за кандидатите за Прецедател на еРМ, кој од нив би можел најмногу и најдобро да одработи во мандатот?
- Мислам дека најдобро би можеле да обработат Сантино и Тигер.
2. Кој од нив според тебе ќе победи на изборите?
- Мислам дека Сантино ќе победи.
3. Дали мислиш дека е добро, наредниот Прецедател да организира АС, притоа да ги задржиме регионите во Австралија доколку е можно?
- Сметам дека треба првин да се ресетираат бонусите во Австралија во 2 региони, а потоа да се врати системот за донации па тек после ова може да се размислува за нов АС.
Интервју со efiljo II - стручњак

1. Што мислиш за кандидатите за Прецедател на еРМ, кој од нив би можел најмногу и најдобро да одработи во мандатот?
- Крсте беше еднаш Прецедател, лани и бев дел од неговиот тим. За жал тогаш бевме во многу полоша ситуација од денешната и имавме многу непријатели. Сите сакаа да не бришат и успеаа. Имаше добар мандат и се направи се што можеше да се направи за да имаме територии, но сепак неуспешно. Има добри шанси да стане Прецедател пак затоа што пред се беше активен и вреден. Тигарот е исто така мој добар пријател и мислам дека од сегашниве кандидати може е најподготвен да биде Прецедател. Човекот има стратегија што и како да направи, а верувај има и слободно време за да ја води едржавата. Има многу добри работи направено за еМакедонија. Мислам дека дипломатски и тактички е добро подготвен и исто како Крсте има подеднакво шанси да победи. Тука може да им улета како камиказа г-от Хуманитарка и да им расипува есап али мислам дека нема толку гласачка моќ да победи, а и појма немам колку е спремен да води едржава. Последнион врска немам кој е ниту па од каде е, а тапа кандидат колку да се рече. Значи битката ќе се води помеѓу Крсте и Тигарот (мое мислење), е сега да докажам дека ко мене спремни не се што е вистина, а и никад нема да бидат пошто ја увек со мене за десна рака го имам македонец21 за да ми пере гомната и да го окривуваат него наместо мене. Човек со визија како повеќе да се украде а да не приметиш.
2. Кој од нив според тебе ќе победи на изборите?
- Во одговорот на првото прашање е наведено: „ битката ќе се води помеѓу Крсте и Тигарот “
3. Дали мислиш дека е добро, наредниот Прецедател да организира АС, притоа да ги задржиме регионите во Австралија доколку е можно?
- Приоритет ни е рестартирање на бонусите кај кенгуриве, а после тоа најдобро ќе биде во соработка со сојузот да одиме на АС и освојување нови територии и ресурси. Мене да ме прашуваат одма мавам на Кина без к*р да ме заболе. Доста им беше јадење нивни кинески шкарт ориз, треба да пробаат и од нашиов Кочански, а и ќе бидеме запамтени како држава која и се спротиставила на фармерската, шкарт Кинеска еДржава.