Новости во Герила [МЗИ]

Day 2,290, 08:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав народе.

Плато се решил да ја подобри Герилата. Оваа статија ќе биде наменета нашите играчи да бидат запознаени со подобрувањата во Герила.



Почнувајќи од ден 2.291 (утре), ке има неколку новини во Герила.

Бонус штетата ќе биде базарана на соодносот од победите и поразите:
- 0 бонус штета: победа/пораз соодносот е помал од 1
- 1 бонус штета: победа/пораз соодносот е помеѓу 1 - 1.99
- 2 бонус штета: победа/пораз соодносот е 2 или поголем

Шансите за погодок се променети на следниот начин:
- Минималната шанса за удар сега е 8% (може да биде намалена со бомба)
- Максималните шанси за погодок сега се 90%



Направената штета од Герилската битка е направена на следниот начин:

- Доколку победите во битка:
100% од максималната штета што може да ја направите со 100 енергија користејќи q7 оружје
+
100% од максималната штетата што може да ја направите (користејќи q7 оружје) со енергијата што противникот ќе ја изгуби во Герилската битка (максимум 100 енергија, штитот не се смета)

- Доколку бидете поразени:

100% од максималната штетата што може да ја направите со штетата што ќе ја изгуби вашиот противник (максимум 100, штитот не се смета)
+
50% од максималната штетата што може да ја направите со енергијата што противникот ја изгубил во борбата (максимум 100, штитот не се смета)

Пример:
Играчот кој ќе победи прави 100 штета од удар со q7. 100 енергија му дава него 1.000 штета. Ако противникот изгуби 73 енергија во текот на битката (од максималните 100). Шетатата која ќе ја направи играчот во битката ке биде 1.000 + 730 = 1.730.



Има и уште нешто:

- Играчот добива, без разлика дали победил или изгубил, 10% бонус од штетата ако успеат да го убијат нивниот противник во Герила борба.
- Бонусот од природен непријател и бустерите за штета се земаат во предвид кога се пресметува штетата која е резултат на Герилската борба.
- Бомбата ја одбива шансата за удар за 1/3. Пр: ако имате шанса за удар 75% и противникот употреби бомба, вашата крајна шанса за удар ке биде 50%.
- Треба да имате најмалце 100 енергија кога влегувате во Герилска борба.
- Ранкингот е базиран на борбите кои се изиграни. На пример, оние кои играле многу, треба да се соочат со играчи кои исто така играат многу Герила.
- 1 рунда во Герила борба трае 12 секунди наместо 16 како што беше порано
- Герилската стабилност на борбата е подобрена
- Сега имате можност да ја видите статистиката од Герила на вашиот профил



Исто така се воведени 2 нови оружја и 2 нови предмети за штит. Новите предмети за штит може да се добијат само како награда од Power Spin. (значи најверојатно утре ќе го пуштат пак тркалото)



Исто така сакаме да ве потсетиме дека шансата за удар се пресметува поле потегот на вашиот непријател дали ќе се движи или ке се брани, додека процентот пресметан пред да пукате нема да се рачуна на крајот од потегот (сепак не се знае што вашиот противник ќе направи следно)



За повеќе прашања посете го форумот.

Министер за Информирање

akconel