Ја будиш страста во мене-Таша.МКД

Day 2,286, 02:47 Published in North Macedonia Nigeria by Princess of Nigeria

Ја будиш страста во мене

Секое пред има потоа,
секое потоа има пред.
Го барам ете ТОА
од пред и по
за да го разберам
немирот за тебе.
Ја читам тишината
Ги бројам воздишките
Те наоѓам во отсутноста.
Љубовнику!
Ти ја будиш страста во мене.
Ако ти кажам дека
во транскрипцијата од пијана страст
и неразбран копнеж
те пронаоѓам тебе,
и ако ти кажам
дека го чувам твојот допир
и телото ми мириса на тебе
и во сокот на усниве
и во секој исцедок те чувам
и се што беше заспано во мене ти го разбуди
и ако ти кажам дека ми недостигаш,
ќе бидам ли погрешно разбрана.
Љубовнику!
Ти ја будиш страста во мене...

[img][/img]