Воздигнување, климакс и се попратно

Day 2,282, 11:38 Published in North Macedonia North Macedonia by piplz

Здраво заедницо! Деновиве сме баш нешто активни 🙂 Така и јас понесен од бранов се нафатив да пишам нешто после скоро 3 години.

Она што ме поттикна да ја напишам статијава е едно видео. Никој всушност не знае дека снимкава воопшто и постои. Дооолго време фаќаше прашина некаде низ директориумиве на компјутеров за еве денеска решително да дувнам се што времето наталожило. Статијава се надевам дека ќе ни помогне да се осврнеме на на она што се случило, зошто биднало така, а можеби и натера од носталгија тешко да подголтнеме.

Содржината на видеово е моментот кога се оствари целата на скоро сите Македонци кои беа во играва. Пресвртница на сите која се случи во мај 2011 и периодот после него. Тие што се активни уште играчи од тогаш веројатно насетуваат за што станува збор. И како што биднува со секоја единка, организација или било каков друг ентитет: кога целите ќе се остварат, а нема да се успее да се наметнат нови не постои понатамошен напредок. Многу луѓе си заминаа (вклучувајќи ме и мене) бидејќи го добија тоа за кое беа на прво место тука.

Тик, так, тик, так. Не се знае, можеби часовникот ќе чукне пак.

Уживајте,
(клик на play копчето за да ве одведе до YouTube видеото)


Глас и суб никако не се на одмет.