Ја сакам само неа, Република Македонија

Day 2,268, 00:02 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Во Бугарија никогаш не сум била, а во Грција дури пред неколку години појдов и туѓо и пусто ми беше. А не убедуваа дека сме предавници ако појдеме таму, но сега разбрав дека тие од деца се капеле во морето и дека секој празник се таму.
А читав, многу читав и слушав за маките на иселените Македонци, плачев и жалев. Скоро целиот живот. А моето потекло е само од тука, незамешано со ништо, како ендемично растение. Старите имаа големи ниви, ливади, убава куќа во центарот на градот со векови. Се притеснивме за нив, им дадовме работа и плачевме за нив. Ме чудеше како тоа за ист одговор тие добиваа пет, а јас надолу, ме чудеше зошто после избришана табла, ми ја чкртаа и велеа зошто се раѓале гревови како мене. Сега разбрав дури дека биле од таму, дека и многу професори биле од таму.Се чудев кога на свадба ќе играја гордо егејско, а мене ме пуштаа да не го играм или ќе се собереа, а нам ќе ни свртат грб, а ни велеа сите исто сме. Кога не гледаат потценувачки, како туѓинци, со презир дури, а се слуша од кај нив грчки, половни досадни грчки програми и на фб грди зарипнати гласови од грчки пејачи, го проголтавме и тоа. Треба да им се поклониме што не земаат грчки пасоши и имиња, а со бугарски пасоши се китат, демек од економски причини. Отворија овде ортачки фирми со грците, тие им се менаџери, шефови и со зачудувачка стравопочит гледаат кон нив. Еден од малкуте зел грчки пасош, и секаков, и ме убедува за Македонија тоа го прави, а овде во Република Македонија на грчки им зборува и грчко име носи, ме убеди, навистина. Прочитав уште една нивна книга. И не знаев дека и за Егејци се лутеле зборот, за возврат не викале Ташаци, тие се издвоија, ни свртеа грб, а ние Ташаци, не сме дури ни Вардарци, а исто сме само ако им се покориме и служиме.
И сега велам, доста е, цел живот го посветив кон нив, за возврат добив презир, гадна им е ним Република Македонија, сонуваат за обединување макар и под Бугарија, под услов, по нивно да е.
Ги сакам, да, како сестра што си го сака својот брат, таков каков што е, а тој не ја ни ферма и почитува. Но, си ја сакам и Република Македонија, ваква пуста, без море, без нафта, оговарана, наречена со секакви имиња, безимена за другите, за мене е Македонија, во срцето ми е тоа име, тоа осумкрако сонце од соѕвездието Вирго, тоа сум јас, ја сакам, како тие што не можат да ја сакаат. Без работа, сиромашна, без знаење како што моите баби знаеле, да шијат, да везат и плетат, да месат леб, да прават најубави манџи, без тие имоти, задолжена, и се плашам дека конечно јас ќе се откинам и ќе заминам конечно, после многу столетија.
И таква сум, како оваа Македонија, Вардарска, Република, во срцето мое едноставно Македонија.

А дали овде е отсликана реалната состојба, дали еМакедонија е иста со Македонија? Не можам да судам, зошто од крајот на октомври сум овде, но со моето кратко опстојување овде, ми се гледа, ...цело време не пукајте за еМакедонија, оправдување е конгрес, цело време под сме под еГрција и цело време скоро пукаме за еБугарија.