Ете таква сум...- [Таша.МКД]

Day 2,257, 18:38 Published in North Macedonia Nigeria by Princess of Nigeria
Ете таква сум...

Ете таква сум...
На некои им се допаѓам,
некои ме гледаат како опасност,
некои не можат да ме смислат.
Јас сум таква, каква што сум.
Горда,
амбициозна,
тврдоглава,
храбра,
исполнета со себе.
Правам грешки и учам од нив.
Повредувам.
Се повредувам и себе.
Имам своја филозофија.
Живеам своја приказна.
Сакам се што е убаво.
Ги почитувам другите,
но не ми е важно што мислат за мене.
За мене пријателството е бесценет камен,
но само кога е искрено.
Не ги сакам „пријателите“
што ме бараат само кога сум им потребна.
На оние што ми копаат дупки зад грб
им помагам сами да паднат во нив.
На оние што ми го дале прстот
кога ми било најпотребно
им ги подавам двете раце.
Оние кои ме повредиле
ги ранувам каде што најмногу боли
и им оставам длабоки рани.
Оние кои не умеат
да ја препознаат вредноста
на она што сум направила за нив
ги газам како суви лисја
паднати во есен,
без да знаат кој ветар ги одвеал на земја.
Ете таква сум!
Сакам и тогаш кога
викам дека не знам да сакам,
се смеам и кога најгласно плачам.
Ги помнам важните датуми.
Се радувам на успехот на оние
кои се радуваат на мојот успех.
Среќна сум кога се среќни
оние кои ми се СЕ.
Им помагам на беспомошните
и верувам дека една изгубена битка
не значи дека си ја загубил борбата.
Верувам во себе
и се соочувам со предизвиците.
Ете таква сум, каква што сум!