Да се биде грда женска

Day 2,244, 07:24 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Еден ден пред многу години излегов така, не дека не можев да бидам убава, правилни црти, дури и французинките кажуваат дека глумат да изгледаат како да не се средувале, а биле обземени со дотерување. Имав другарки цел ден се спремаа за вечерното излегување. За да бидам како што треба требаше половина час, но јас ги увидов предностите на грдите жени и немав гајле.
Предности:
Можете со саати да го гледате згодниот типац додека со зината уста се џари во вашата другарка,(слободно можат да ве стават во стручно жири за избор на мистер. 🙂 )
Времето изгубено за дотерување, можете да го искористите за играње компјутерски игри, читање книги итн,
Машкиот пол покрај вас се заборава дека има и женско, слободно си слушате машки муабети, па пред вас се отвора еден цел непознат свет, кој верувајте е многу поинтересен од женскиот,
Обавезно ве честат за да ги запознаете со својата поубава другарка,
Заштеда на облека, пари, фитнес клуб,козметички салони
Не сте опседнати со диети,
многу има ќе опишам ако се сетам.
Недостатоци:
Некогаш навистина посакувате макар и врапче на дланка, а нема, зошто верувајте и најгрдиот, најсмрдениот, се заљубува во дотeрана, згодна и убава,
Приказната дека ќе ве сака заради душата, внатрешната убавина,тешко, ни кај инвалид не поминува,
Некогаш може да ви се пушти хомосексуалка, па на кутрата да и кршите срце.