Традиции

Day 2,243, 14:51 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Једном давно, колко давно тешко је речи, бев на блага ракија кај една тазе венчана пријателка. Ова малку ме изненади пошто типката Кама Сутра на памет ја знае. И тоа не од што има фотографска меморија. Ама ајде, коа и така глуматараме се и сешто што па да не и ова. Што да не напраиме парастос на една невиност макар и со задоцнување.
Е сеа, не знам дали беше од ракијата или од муабетите мрсни и атмосферата ама девојката од спротива на масаста почна да се гаѓа со ишарети. Прво помислив да не има тикови или нешто у тој стил ама тоа што ми ја збрца ногата у пределот на меѓуножјето комплетно ми ја разбистри сликата. Среќа моја што не седев онака опуштено на ивицата од столот оти кој знае до кај ќе и пропаднеше штиклата.
Арно ама од незгодна ситуација ме спаси традиционалното палење на гаќите на свекрвата. Поточно, тоа беа девет лакти платно у форма на гаќа. Коа вивна еден пламен мајсторе, комотно можевме да кремираме хиндус со просечна големина.
И додека стоевме такви поцрнети од димот, цурата ми вика: „Носи ме негде од тука.“ А кај да те носам бре златна? Дома полна куќа луѓе плус канаринец а за хотел – мотел неам пари. Ќе мора да се задоволи со јебодром.
Бидејќи е обичај да се смува некоја сваќа како би се зближиле фамилиите у име на стабилноста на бракот, ја товарив малата у кола и му ја опраивме накај Ридот у Драчево. До душа она беше малку нестрплива па одма ги распакува играчките ама за среќа нема некој густ сообраќај до таму. Брже – боље паркиравме у една вукојебина и се посветивме на уживање. Сексот у кола спортскиве коментатори сигурно би го опишале со термините „ситен вез“ и „мајсторија на мал простор“ што нели и не е далеку од вистината. А и за девојкава ова не беше некое ново искуство. Дури и ретровизорот го поднамести за подобар преглед на ситуацијата. И така, само што завршив со огнометот, отварам очи и што ќе видам? Ококорен овчар ми се лигави по шофершајбна. Види го ти папарацо! Бар да знаев па да обрнам внимание на перформансот. Со гаќите у раце излагам да го прашам колку ќе ни даде за уметнички впечаток а он си помисли кој знае што ќе му праам. Коа летна да бега искри му фрлаа петиците.
Се стокмивме на брзина и си тргнавме по дома пред да се врати со кучето. И види чудо. По пат за назад ниту еднаш не чув колку ме сака, колку и значам, срце, мрце и мили животни у деминутив. Само мирно си ја поправи шминката и облеката и толку. Мајку му, почнав да се преиспитувам да не сум ја навредил нешто. И наеднаш ми стана јасно. Си ја извади бурмата од ташна, ја смести на битниот прст и посака да ја оставам на првата такси станица. Значи ова било моето прво швалерско искуство. Нека е аирлија!