Досадниот

Day 2,243, 11:26 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Се обидувам да не пишувам, ама ете внатрешен порив, плус насловот ќе биде сличен со предходниот, иако ќе пишувам нешто различно.
Пред неколку дена го видов Досадниот во читална, иако седнав зад него, не се поздравивме.
Досадниот го споменав во една журка во студентскиот дом Стив.
Едноставно не му се допаѓав, само сакаше да тера мајтап со мене и тоа го правеше многу доосаден.
Досадниот во средно седеше зад Заборавениот. Си направија некоја шега, тој и неговото друштво, па цел клас не прогласија терористи, заради еден улав параноичен професор. Многу сум збунета во тој случај дали Заборавениот беше позитивец, или како и класната која требаше да биде наш заштитник се претвори во наш непријател, мислам дека Заборавениот имаше задача да не разоткрие демек, ама да не грешам душа или од неговите писанија на фб можеби си беше во сопствен филм, во кој тој ја имаше главната улога, а не Досадниот, Заборавениот најверојатно ја влоши ситуацијата ненамерно. Паранојата дефитивно премина на скоро сите професори, па скоро никој не влегуваше кај нас во клас. Кои ѓубриња!!! Никогаш, ама никогаш на идиотите нема да им простам, не сфатија во својата суета дека и тие имаат деца, дека сурово е, не е тоа мојата волја,но им се врати. Досадниот си умисли дека и јас сум глупава, ама вешто го лизнав, најголема грешка прават кога потценуваат, не сум опасна, ама тешко на тие што ме потцениле.
Мислев дека на матурската ќе ме нападне, но изгледа не беше многу напиен.
На студии се возевме во воз во исто купе со Досадниот и правевме најобични муабети, како луѓе кои првпат се сретнале во воз, како никогаш ништо да не се случило. Интересно, седевме еден наспроти друг, и кога тој ќе речеше нешто, тоа идеше со задоцнување до мене, па јас прво велев, ааа? аха! Па одговарав. На одење тој ми даде телефонски број, да појдам кај него на гости, но ливчето го изгубив. И средбата во стив на журка: Сигурно немаше да избегам, ако не му беше пијан гласот и неговиот глас не ја пронижуваше цела зграда. Потоа долго време не го сретнав, го видов на демонстрации на опозицијата лани, и ете пред неколку дена. Забележав дека како да не е воопшто остарен, дури дека имал и убави линии на телото, дека е чист и мириса убаво, неговиот профил беше правилен, немаше изгубено ни влакно од главата и дека може да се допадне и на некоја млада, а јас? Не кажувам, само ќе се потсетам на стрипот со две слики, како мажите замислуваат домаќинка и втората слика, каква всушност е. Едно време почувствував дека се поврза со мене, и јас престанав да читам, ја чувствував неговата насмевка, неговите сеќавања за мене. Наеднаш стана и замина, можеби замина да плаче за починатиот Заборавен, за најизгубената генерација во виорот на југословенската војна, во виорот на транзицијата, во виорот на војната 2001...
По некое време си помислив, можеби требаше да се поздравам со него, да поразговараме за старите времиња, но.. има време. Неговата линија на животот беше со многу препреки, но долга. (напишав во писанието за Заборавениот дека им гледав на сите школски на дланка).
Чудни се патиштата Господови, и јас верувам дека ние ќе се сретнеме и ќе разговараме, да видам како се одвивале настаните од негова гледна точка.
(Постои опасност Досадниот да се препознае, но мала е веројатноста. 😁