Ербап

Day 2,224, 04:16 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Не знам дали сум настапил нешто или некоја круша е кабает ама не ми иде со жени па тоа ти е. Еве, баш пред некој ден се видов со старо друштво и ме однесоа клетници у некое фенси место. А таму перформанс. Сите у исто време и глумци и критика и публика поштована. Костимографија по избор али строго од реномиран шнајдер. Пардон, креатор. И тоа не оти фирмата нешто им значи, то само ради квалитетот на матерјалите. Не личи после пол-саат пупење над леген да сфатиш дека омиленото ти џамаданче се смалило и изгубило боја.
Си забодев ја лакти у помошно шанкче и чекам пијачка. Услуга брза и точна ама џабе. Коњак точат као капки за очи да си нарачал. Со доволно лед 82 квадрата игло да си напраиш. Уште бела мечка да нацуцлеа озгора и филмот да е комплетен. Цена не спомињам. Чист мазохизам за клошар као мене.
Ама од друга страна треба да си луд па да си отидеш. Момичиња со лопата да ринеш. Парадираат намигуши као у мариовска „Тресеница“. И не пројде многу коа се доклинка една до мене:
- Што ќе ме почастиш ти вечерва?
Ја глеам цурава, метро и седумдесе чиста згодноќа плус шармантно шеретски осмех. Па и да ме замрази новчаник, ќе да вреди мајку му. Таман пикнав два прста у уста за да заслужам конобарско внимание, коа осеќам некој ме гази. Три пати. Стара шифра за опасност од лажикуре. Што ќе рече, цура што ќе ти се смешка и ќе те ложи цела вечер а у ствари бега од суштина као змија од копито. Значи треба да се оттарасам од оваа час поскоро. У проверен „Владо Тасевски“ ака ПТТ манир ја погледнуем у очи, дигам крагња и и вртам грб. Завршена работа.
Врзавме муабет со другариве за деновиве пред години и баш на среде и на општо изненадување, стасуе дупли коњак на моја адреса. Од момата а и она сосе него. Среќна и весела како ништо да не било. А можда и згрешиле фраериве у врска со неа, што знаеш? Може се променила или па ептен и се свиѓам. Се извинив за предходниот ми гест и шмркнав од пијалачето за нејзино здравје и добробит.
Младата се покажа како ептен пријатно друштво. Ведра, пријатна и доста разговорлива. Не знам дали јазикот ни е толку двосмислен или она умееше таков да го престори ама се некако околу онаа работа се вртеше муабетот. Таман решив да склопам пристојна реченица и да си ја пробам среќата коа она покажа телепатски моќи. Сама била, да сме скокнеле до кај неа. Глумам демек ми е малко незгодно ама ај, чим запнала... Се опростив со стара тајфа и трк по неа.
Арно ама, као што стално бива, ете ти проблем. Нема кондоми. Се брцам по џебови а пари неам ни за Андол. Нема везе, по пат ќе пројдеме од кај мене, ќе извадам од стокови резерви.
Стасуеме пред зграда и на ужас на Космофон и Мобимак заедно по навика прибегнав кон примитивна форма на комуникација:
- Маамоооо... Мааамоооо...
- Што се дереш бре коњу у ниедно време?
- Фрли ми едно пакетче кондоми, у фиоката се!
Набргу потоа ме погоди истото у глава ама битно свршив работа.
А кај младата чинам се отворил рајот на земјата. Бре бакнување, бре милување, убавини... Смкнавме облека ѓоа змија кошула коа малава вика:
- Многу ме палат мажи у женска долна облека.
Еба ти чудо, од кај па сеа ова? Титовото „не“ од уста не можеш да ми го симнеш ама џабе... Инсистира... Инсистирам и ја ама едно време брчка почна да и гњави чело. Сфаќам, или по нејзино или ништо не бива. Па и шо се фолираш си викам, луѓе пелени облакаат за вакви ќефови ти од најлон чорапи и подвезици праиш фрка. Ќути што не те тера и нокти да лакираш. Видов – не видов, се сторив као Трејси Лордс у најбољи денови.
И тогаш блиц ми запара очи. Дур се свестив отидоа уште пет-шест пози. Стојам ја запрепастен а она ми вика:
- Ова ти е за да научиш како да се понашаш. Врати ми ги хулахопките и слободен си.
- Не, не. Не мрдам од овде додека не ги избришеш сликите.
- Кастор!
Јебо те, тогаш и Кастор го запознав. Фин доберман со хебла у раце. Не оти толку ме уплаши ама незгодно ми падна пред друго машко таков да стојам. Па што ако е куче, маж си е маж. Си собрав парталите и штикла да ме нема.
Мајку му, сеа знам зошто ни бегаат младиве од земјата.