Поетеса

Day 2,221, 14:53 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Се акам ја една поручек по ова ладново, као ќе барам патосници за колата. Види ваму, види таму, оно нигде зелени. Измрзнав. Глеам така, еден кафиќ полупразен. Ај си викам, ќе влезам малку да се стоплам. Нарачуем рум со чај и скенирам атмосфера дур да стаса. Ништо нарочито, ама за око ми запнуе една цура у ќош. Нешто не ми е како што треба со неа. Нема голо меше, миниќ, маица без прслук... Што не лицитира оваа си викам? А плус и чита една книга дебела. Или е лезбејка или ептен е по школото. Зимам тоа румот со чај и право кај неа на маса.
- Слободно ли е ?
- Повели.
Па, што читаш, како читаш? Поезија. Де да видам. Ау, ова стварно длабоко. И тргна муабетот. Пошто сум ја сретнал таа сорта и порано лесно ми беше да се фолирам. Кога појма немаш што да кажеш речи само немам зборови, трогнат сум. Или нешто у тој фазон.
Наредната вечер ми се јавува да сме се виделе. Супер. Стасав кај што се договоривме и ја глеам неа трепери од возбуда. Едвај чека да се поклони и да почне. Коа, така лирски расположена почна да ми изјавуе љубов. У шест строфи. А мене ми се кака као никад до сеа. Четири прста се отворив. Да станам у вака осетлив момент нема смисла, ќе се навреди. Мора да ја глеам у очи. Арно ама не бива, уште влакно и бербат ќе се напраам. Срипав од маса и право у ќенеф. Ми олесни што ми олесни ама што праиме сеа? Ептен ја оплескав. И така со грижа на совест и мокри раце се враќам кај поетесата. Уште два чекора не бев напраил коа ја глеам ми се беси на врат. И тогаш ми текна: Оваа мисли дека ме расплакала! Два динара друже. Среќа моја што оваквиве се читаат меѓу редови. И тоа читаат тоа што сакаат да прочитаат. Бидна што бидна. Гори ватра меѓу нама и по два-три дена ме кани на вечера. Се опнав у оделце, купив бајадери и вино и и се нацртав на врата. Срдечно ме дочека ама од храна ни трага ни глас. Наместо тоа ми ја извади машната, ми ја врза преку очи и ме однесе у некоја соба. Да бројам до пеесе па да ја извадам. И дур стојам така као токмак слушам штрака некој упаљач. А да не ме полие со бензин оваа? Од кај знаеш, секакви ги има. Убрзав малку со броењето и смкнав тоа чудото од очи. И што да видам? Спалната олтар. Тон свеќи, цурата соблечена а спалната постелена со ливчиња од ружа. Кој им ги дава бре овие идеи све по список да му онадам. Сеа ја треба да се валкам као растителна вошка по тоа цвеќето. И што е наредно? Ќе ми го тетовира името, па ќе ме излее у бронза и на крај ќе ме тера да пиеме жива сода. Или ќе ми фрли анатема коа ќе сфати дека не сум тоа што сакала да бидам. Нека, фала.
Сум завршил на брзина (да не и пропадне трудот) и здраво се помачив више очи да не и видам.