Паравести

Day 2,209, 04:14 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Дали се сеќавате на еден српски блогер кога објави паравест дека гробот на Александар Македонски е пронајден и нашиве се затрчаа и објавија како вистинито?
Се затрчаа сите да објавуваат на фб и секаде.
Дали се сеќавате кога Американскиот сајт Онион за лажни вести објави дека грчката историја била лажна? Да, тоа, можеби до некаде е вистина, но нашиве започнаа да објавуваат како вистинска вест, за да бидат смеја на цел свет, што се разбира им беше плус на грците. Настрана тоа, пет години и повеќе само ми ја испраќаа истата вест, ми се смачи да им објаснувам дека штетат на сопствениот народ, па ми се извинуваа. Тие што го лажат сопствениот народ со паравести објавени како вистински, не се сигурни во сопствениот идентитет. На Македонскиот Потврден идентитет не му треба тоа. Да живее Македонија, вистинска, убава каква што е во срцето, каква треба да биде.
Дали се сеќавате на тоа многу често објавувано со години,како се однесувале македонците на плажа? Директ преведено од српски, само смениле србин со македонец, дури ги мрзело и пешкир и врањанка да сменат.
И со таа Станија како не им достана?! Па има и бугарски, грчки, хрватски и други старлети.
И имаат достапност до изворот, тие пак од српски сајт крадат и пак лош превод. Па и ако преземат од изворот, сето изгрешено, без назнака од каде е преземено и кој превел и презел.
Па и таа веста дека студентките од провинција се продавале за тегла ајвар, а ваму излегувале од скапи коли, а живееле во тие искршените бараки, ајде бе, не можеле за станче да имаат веќе, логика, треба да си купат аквариум со рипчиња господата. Еден објавил, по две години друг весник го препишува истото. Господата имаат ќерки, внуки, да даде Господ за нивните некој да кажува такви глупости, и да не си ги заборават бучните скопјанки по искршените бараки, и сега да им речеме ама сите скопјанки си се такви, е не може така. И замислете, тоа веднаш си го презеде грчки сајт и низ цел свет, е па после се лутат кога грците за нивните мајки им велат слав проституте, а сами си се закопале.
Работата е што ситуацијата никако да се промени.
Барем Македонецот да се свести и да не се залажува, па нашите новинарчиња и слични да се замислат малку.