СИТЕ ЗА ЕДНО - ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА

Day 2,208, 15:00 Published in North Macedonia Greece by kavadarci4ever

Благодарност голема да изразиме до сите наши гласачи, подржувачи и симпатизери, неофицијално освоивме 230 гласови а по конечно пребројување нашиот краен официјален резултат за овие избори е 223 гласови или 39,40 %. Да знаете не сте заборавени и секогаш може да сметате на наша подршка кога тоа ви е потребно.

Честитки до ново избраниот македонски председател StrvleMKD му посакуваме успешен мандат, да го направи она што сите пред него не успеаја – обединета и силна Македонија. Се надеваме дека е стабилна личност со цврст карактер, неприкосновен борец. Сите да се собереме околу оваа личност заедно да работиме, да си помогнеме, ако тоа не го направиме ние самите никој од надвор нема да ни помогне. Председателот треба да ни биде точка на спојување за реализирање на сите наши семакедонски интереси. Македонска Обединета Алијанса ги подржува напорите на председателот за излегување од воено-политичката криза во која подолго време е западната нашата земја. Секој македонец има обврска према својата држава, но и државата треба да го почитува, од денес таа почит ја уважуваме и манифестираме несебично.

Политичка Академија преку која ќе се калат новите млади и надежни кадри, што ќе ја водат македонската држава во силна и реформирана светски славна империја. Кадри во кои нема да има ниту тронка сомнеж за нивната компетентност и професионалност во извршување на државничките работи. Од оваа академија ќе излегуват нашите идни председатели, министри, заменици, амбасадори, стратези и што ли уште не. На тој начин веруваме значајно ќе се подобри внатрешната политичка атмосфера како и надворешната воено – стратегиска позиција на земјата. Со квалитетно образован кадар до успешна и просперитетна иднина.

Жалиме што македонскиот народ не ја избра нашата програма за триесетдневниот председателски мандат и нашиот председателски кандидат да ја води Македонија. Го почитуваме правото на слободен избор и веруваме состојбата ќе се подобри. Сметаме дека нашата предизборна програма перфектно е поставена и ветуваме дека во иднина ќе се надоградува со нови решенија и идеи, всушност уште денес можевте да го видете предлогот за политичка академија за кој се надеваме ќе се реализира. Да не заборавиме нашите гласови се од живи нормални и пред се рационални луѓе кои свесно одбрале трета опција да стапи на македонската политичка сцена, што само по себе претставува јавно искажан револт до актуелните политички гарнитури за тешката незавидна состојба во која се наоѓа Македонија. Овој очаен крик на македонскиот народ се надеваме го слушнаа оние кому им беше упатен. Популарноста што ја стекнавме за само тридневно наше постоење не обврзува да продолжиме понатаму силно и чесно пред се пожртвувано да работиме за доброто на Македонија.