Поддршка со задршка

Day 2,203, 13:54 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Се тешка интелектуала наоколу….

Влегуваш у WC по повик на мајката природа и застануваш пред писоарот. И ете ти одма до тебе некој паметњакович. Те гледа и упатува забелешка дека накриво мочаш. Погледнуваш надоле и констатираш дека навистина има мало застранување! Ама, сепак, останува у рамките на писоарот. Типот до тебе почнува со експертиза дека треба да се насочиш правилно, да вдишуваш преку нос а издишуваш преку уста, да вовлечеш стомак, нозете раширени на прецизно растојание, да го држиш под „тој и тој“ агол…. Слушаш, слушаш и – сфаќаш дека ти треба помош. Види шо убаво објаснува човекот, сигурно знае како треба. Па логично ти доаѓа прашањето: „а да го подржиш малце?“ И, експертот интелектуално се навредува!!! Те напаѓа вербално „гони се бе педер!“ А ти само си побарал практична демонстрација на тоа што тој теоретски го образложува. Без никаква задна/предна/странична намера.

Толку многу експерти наоколу кои знаат и умеат се‘, а не сакаат да дадат поддршка на владата и ЦП то….. од чиста суета!

Ова е наменето за сите тролачи кои немаат врска од политика и од инат го тролаат кој и да дојде на власт. Недај боже да им побараш помош зошто тогаш се навредуваат и одма почиљаат со солење памет као они немале време итн. итн. али ко ќе дошле на власт ќе направеле незнам што.
Епа до таквите еве ви шанса да се кандидирате за ЦП па да видиме што ќе направите. Со јадење трици до ова дереџе стигнавме