Среќа - Таша.МКД

Day 2,188, 07:08 Published in North Macedonia Nigeria by Princess of Nigeria

[img][/img]


Среќа !

Деновиве читам многу објави за СРЕЌАТА......
Дали е среќа ако не ви се случи несреќа?!
Дали не знаеме дека сме среќни додека не станеме несреќни!
Дали можеме да бидеме среќни кога другите се несреќни?
Среќата си ја кроиме самите или ни ја кројат другите?
Чудно е како малку ни треба да бидеме среќни, и уште почудно, колку малку ни треба да бидеме и несреќни!
Чудно е и кога ни се чини дека среќата кратко трае, а несреќата никако да помине.
Животот нe' учи дека среќата е во малите нешта, а ние, трагајќи по големите, стануваме несреќни....
Во среќата сите сме исти, но во несреќата сите сме различни.
Во среќата сите се до нас, во несреќата гледаш кој ти е пријател.
Што е среќа?
Тој што има, вели не е во парите.
Тој што нема, вели е во парите.
Тој што е болен, вели во здравјето.
Тој што е здрав, вели во семејството.
Тој што е невработен, вели во вработувањето.
Тој што е вработен, вели во одморањето.
Таму каде што има сонце, велат во дождот.
Таму каде што има дожд, велат во сонцето.
Во Скопје, по сонце, доаѓа дожд, и по дождот, сонце.
Како во природата така и во животот.
Однесувајте се кон среќата како спрема здравјето:
уживајте во неа кога е добра, бидете стрпливи кога е лоша!

[img][/img]