Да читаш и да се мочаш од смеење !!!

Day 2,128, 12:30 Published in North Macedonia Chile by M0lnja .MKD


KE ТИ КАЖАМ ВИЦ ОД КОЈ ДОМАТИТЕ СТАНУВААТ КЕЧАП !!!


1.
Тој: Yessss! Конечно. Толку време чекав.
Таа: Размисли уште еднаш, да не сакаш да се разделиме додека е време ?
Тој: Не! Не ни помислувај на тоа.
Таа: Дали ме сакаш?
Тој: Се разбира! Секој ден се повеќе и повеќе!
Таа: Дали некогаш си ме измамил со друга?
Тој: Не! Зошто воопшто прашуваш?
Таа: Ќе ме бакнеш ли?
Тој: Секогаш кога ќе можам!
Таа: Мoже ли да се деси да ме удриш?
Тој: Дали не полуде! Јас не сум таков човек!
Таа: Може ли да ти верувам?
Тој: Да.
Таа: Драг мој!
ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ БРАК
Читај од долу нагоре 🙂





2.
Трпана му вика на Трпе:
- Трпе, мислам дека едното дете го омаловажуваш!
- Кое? Бојан, Горан или дебелото?





3.

Доаѓа Црногорец до девојка во дискотека и ја прашува:
- Ти се игра ли?
- ДА!
- Епа ајде стани, оди играј, јас да седнам малку!





4.
Доаѓа папата во Македонија и на аеродром го дочекува лимузина со шофер. Но Папата му шепнал на шоферот:
- Слушај пријателе, во Ватикан не ми даваат да возам, а јас баш би сакал да седнам позади воланот, па ако не е проблем, би сакал да ги замениме местата за да повозам малку.
Се префрлил папата на возачко седиште стиснал на гаста и 200 на саат шиба. Арно ама за кратко време ги сопира полиција.
Отвара Папата прозорецот и полицаецот се здрвил и веднаш истрчал до полициското возило до радио станицата:
- Прием шефе, застанав еден што возеше преку 200, но не знам што да правам!
- Е како не знаеш ОДЕРИ ГО!
- Ама не оди така шефе фаца е човекот!
- Да не е градоначалникот?
- Не повисоко е!
- Да не е министерот?
- Не не уште повисоко!
- Да не е премиерот?
- НЕ шефе не е!
- Па веројатно не е претседателот...
- Шефе јас мислам дека тоа е Господ лично!
- Дај бре не трескај глупости како може Господ?!
- Па добро бе шефе на кој друг Папата би му бил шофер?!






5.
Трпана го прашува синот:
- Сине, зошто во последно време не се дружиш со Стојан?
- Па мамо, дали ти би се дружела со некој кој пие, пуши и се дрогира?
- Секако дека нема!
- Епа ете, гледаш, не сака ни он!





6.
Нашол Зајко пушка во шумата...и вика:
- E мецо сега ти ебав матер...
Оди кај мечката и му вика:
- Мецо ајде малце трбушни плес!!!
- Чекај бе зајко смири се...што ти е????
- БООМ! (пука во воздух)
- Добро, добро.. и почнала да игра.
- Ајде сега качи се на дрво...
- Аман бе зајко, ти не беше ваков!
- БООМ! (пука во воздух)
- Добро, добро, само не ме убивај.
- Ајде сега посери се....
- Аман зајко немој, кај пред тебе да се серам...
- БООМ! (пука во воздух)
- Ќе серам, ќе серам...
- Е АЈДЕ СЕГА ДА ГИ ИЗЕДЕШ ГОМНАТА...
- АБЕ ЗАЈКО НЕМОЈ...жити се...
- КЛИК... клик, еј мецо, заеби јас ќе ги јадам!





7.
Што прави Чак Норис кога ќе му избега автобусот?
- Го чека на следната станица.





8.
Во градски автобус се вози госпоѓа во скапа бунда со лисица на вратот. Цветко, поднапиен, и се обраќа:
- Ве молам да ја извадите лисицата!
- Што ви пречи мојата бунда, а посебно лисицата? - му одговара луто таа.
- Мене ништо, напротив прекрасно ви стои, но ми се вознемирува петелов, а јас со мака го држам мирен.





9.
На брегот од Охридското езеро уметник црта пејсаж. Крај него се приближуваат Трпе и син му и застануваат зад неговиот грб. Откако извесно време ја набљудуваат работата на уметникот, Трпе поучно му вели на синчето:
- Гледаш ли сине, како се мачат луѓето кои немаат фотоапарат...





10.
Малиот Трпе го прашува татко му:
- Тато, тато, стварно ли е тивок Тихиот Океан?
- Сине, можеш ли да поставиш поглупо прашање?
- Можам тато! Кога умре Мртвото море?



Ова е се за денес. TO BE CONTINUED