Дали цената на Герет Бејл е реална?

Day 2,113, 08:24 Published in North Macedonia North Macedonia by XXXander

Да се потсетиме на сите изјави на фудбалските легенди, тренери и менаџери во врска со трансферот на Бејл во Реал Мадрид, односно висината на одштетата која што Реал требаше да им ја исплати на Тотенхем.
,,Ако Бејл вреди 100 милиони евра, тогаш ја сум непроценлив'' - неодамна порача "скромниот" поранешен бугарски фудбалер Христо Стоичков кој го нападна Бејл поради неговиот однос со Тотенхем.

Дека Велшанецот не вреди 100 милиони евра смета и тренерот на Барселона, Херардо Мартино кој неорамна изјави: ,,Бејл е одличен играч, но 100 милиони евра за него е навреда за светот во кој што живееме''.

И Мино Раиола, контроверзниот и еден од најпознатите менаџери, смета дека има многу подобри играчи од новата ѕвезда на Реал Мадрид. Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ и Марио Балотели изјави: ,,А колку е добар Погба? Вреди повеќе од Бејл, тоа е сигурно. Ако Бејл вреди 100 милиони евра, тогаш Погба вреди двојно повеќе'' - порача Раиола.

Дури ниту селекторот на Велс, Крис Колмен не верува дека неговиот репрезентативец вреди толку многу: ,,Незнам дали било кој друг фудбалер на светот вреди 100 милиони евра, но тоа не е вина ниту на Герет Бејл, ниту на Тотенхем''.

Тренерот на Ливерпуп, Брендан Роџерс го спореди Бејл со неговиот фудбалер, Луис Суарез за кој Арсенал пред извесен период понуди 40 милиони фунти: ,,Герет Бејл и Луис Суарез беа најдобрите фудбалери во Премиер лигата минатата сезона и не можете да кажете дека Бејл вреди толку многу повеќе од Суарез''.

Што е тука е, Бејл е новиот фудбалер на Реал Мадрид, а времето ќе покаже дали беа во право ,,критичарите'' или пак не.