Персеј Македонски - мојот мандат како ваш претседател

Day 2,105, 17:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Значи играва ја почнав бидејки е замислена како Националитичка игра во која за превласт над еСветот се борат повеќе нации, една од тие беше мојата Македонската ( тоа ми се виде интересно бидејки други игри како травиан на пример немаат национален предзнак, а овде можеш да си се бориш за еМакедонија и си еден вид виртуелен амбасадор на својата земја бидејки преку нас и нашите пријателства со други играчи од различни земји ја пренесуваме нашата вистина и за РЖ Македонија )

Играва ја играм повеќе од две години и за овој мандат решив дека доколку бидам избран ќе имам време во РЖ да пробам да и помогнам на еМакедонија во тежок период кога неколку месеци наназад бевме под окупација од двоцефките ( знаев дека ќе имам инзворедно тежок мандат, но како што реков поради тоа што проценив дека ќе имам доволно РЖ време решив дека е подобро да бидам јас претседател отколку некој кој уште повеќе би ја дотепал еМакедонија - знаеме сите какви претседатели имавме порано, секоја чест на претседатели кои решив да ги земам како пример, но во нивно време и сега работите сите знаеме колку се сменети во поглед на распоред на силите и шетатата која се прави )

Пред да се кандидирам воопшто,се направи костурот на тимот кој ќе ми помага односно со кој ќе ја водиме еМакедонија и ќе пробаме да ја ослоодиме и конечно да имаме конгрес Во тимот влегоа Цобе, Тренч,Буце, Таша, Бабата, Ефилјо, Феликс и Алфонсо Габриел ( влегоа и помагаа во текот на мандатот и други играчи кои беа помошници )

Значи уште пред да бидам избран решив дека приоритет ќе ми биде да ги вложам сите сили и пријателства кои ги стекнав овие две и кусур години за да ја ослободиме еМакедонија и да имаме конгрес ( поради новиот данок за работа во фирмите кој админите го додадоа во почетокот на мојот мандат, при што главен приоритет ни стана да иамем конгрес бидејки мене како претседател не ми ја даде опцијата истите тие даноци д аможам да ги сменам,единствено ја имаат конгресмените, исто така конгрес ни требаше за д аможеме многумина наши играчи да им дадеме Македонски државјанства – Тренч имаше идеја за министерство за иселеници ( ова ни беше исто приоритет, односно да с евратат сите кои сакаат во еМакедонија бидејки како што знаете имаше мисија во која се рачунаше птетата која ја прават жителите на секоја еЗемја, поради многуте наши иселеници и неможноста поради окупацијата и немање конгрес да се вратат во еМакедонија, така што нивната штета отиде кај други земји место кај еМакедонија како би имале подобра штит и барем уште една награда како еДржава), конгресот ни требаше и поради тоа што само конгресот може да гласа закон за донација од трезорот во НБМ како би имале пари за во наредните мандати нашите идни претседатели имаат доволно средства за користењето на опцијата пари за милион штета која се покажа како многу битен момент во тешките битки.

Поради распоредот на силите помеѓу нашиот и сојузот на двоцефките, односно штетата која ја прават тие и ние, решивме дека на ослободување мора да одиме дури пред конгресменските избори ( бидејки размисливме и проценивме дека дури и да се ослбодиме многу порано пред конгресменските избори, и после тоа дури и да изведеме успешен Воздушен напад, дека поради соодносот на штетата меѓу нас и непријателите, пак ќе бидеме избришани + поради тоа што двоцефките имаат опција и полн Воздушен напад дека најверојатно ќе бидеме избришани и во земјата каде би имале успешен воздушен напад ), поради ова имаше и статија и на постови повикувавме да се пука само фф, да се штедат чоколадите и пополека даго полниме фондот на МА како би имале доволно пари за успешно ослободително востание кое би резултирало со посакуваниот конгрес ( пшав зошто ни е толку потребен конгрес )

Но дојде нова мисија и се случи да е с еиспочитува наредбата и планот кој го претставивме на сите Македонци, чување на зимницата за ослободување пред конгрес ( почна востание во кое во првите неколку битки с епочитуваше наредбата од повеќето, но в вечерните часови Скајмекс почнал да тенка и повеќето ги понело да испукаат и тие што имаат, ме затекна сабајлето кога станав ситуација во која се вршеше притисок над мене да почнеме со поделба и ставае на опцијата купување на милион штета за пари ( иако знаев дека дури и да се ослободиме дека пак ќе бидеме избришани , подлегнав на притисокот,бидејки од некои стари играчи ми беше кажано дека РЖ пари се мавнале а јас сум жалел виртуелни пари и с еслучи да се потроши фондот кој дотогаш беше собран во МА + половина од златото од НБМ ( за с еимам принт скрин и ќе има во отчетот ), востанието го загубивме и се урна стратегијата да чуваме зимници, повеќето ги измававте. После тоа имав статија во која повикав да почнеме пак со пукање само фф и собирање на чоколадите за востание пред конгресменските избори како би пробале да се избориме и за слобода и за конгрес. Пријатели од грција со кои повеќе години играм во ист сојуз во травијан ми пишаа на ФБ дека имаат план како д аизлобираат кај своите да потпишеме НАП, без притоа да имаат побарувања од нас иако бевме во подредена позиција како окупирана земја ( имено ми кажаа дека им е здосадена пинг –понг војната со нас и дека многу пари и средства им одат во битките со нас, кои доколку имаат НАП со нас би можеле да ги искористат во Воздушен напад како би си ја направиле играта поинтересна ), после 2 денови Тренч без да знае за мојот муабет со моите пријатели од грција предложи да преговара со грците за НАП како без трошење би дошле до конгрес и после тоа доколку с едоговорел да правиме Воздушен напад како би дошле и до повеќе ресурси. Јас одсекогаш сум бил против НАП во воена игра особено со двоцефките, но тоа го мислам како играч, а во овој случај сум претседател и решив да му дозволам да преговара со нив,во исто време им кажав и на пријателите дека нашиот МоФА ќе преговара со нината земја за НАП ( да бидеме на чисто ќе ви кажам дека јас одсекогаш сум бил против НАП со двоцефките, но бидејки добив доверба од вас решив доколку дојде до опција во која двоцефките би прифатиле НАП со нас, без притоа да имаат побарувања истата таа опција ви ја претставам во статија во која сите вие би с еизјаниле дали сте ЗА или ПРОТИВ НАП со двоцефките – јас ќе ев против но мојот глас е важеше како 1 глас и ќе го прифатев мислењето на мнозинството без разлика дали јас со тоа мислење би с есогласувал или не. За жал некои кои не знам зошто,си дадоа за право да мислат дека сум должен ним иако не се во мојот тим им кажувам за се што с епланира и почнаа да тролаат дека веќе се одлучило да имаме НАП со двоцефките и ме проглазија за издајник и почнаа да ме навредуваат по постови и статии,а преговорите не беа дошле ни во фаза да знаеме и ние и двоцефките на што сме – односно кај нив исто така се водеше расправа дали да имаат НАП со нас или НЕ, ако одговореа дека сакаат НАП јас немаше д аго прифатам се додека не го видев вашето мислење и ќе одговорев на понудениот НАП потврдно или не во зависност од мислењето на мнозинството наши играчи )

Единствено ми е криво што се спуштив на нивно ниво и што на анвредите одговорив со навреди, а со злобник кој е притоа и глуп не можеш да се разбереш ама башна ниеден начин додуша требаше д аги ставам на игноре.

Бидејки кога на правдина некој те прави издајник и што ли уште не секој нормален чопвек крајно би го повредило + луѓе кои ги запознав во РЖ и со кои сме се дружеле на собиранки прочитав какви се не лаги и гадости напишале з амене решив да се откажам од играта на тој начин што со неколкумина пријатели претходно би ставиле се на дисолве и сите пари би ги донирале во фондот на МА, но добив многу пораки од искрени пријатели дека тоа би било грешка и сватив дека се во право и дека со такво нешто во и тка слабата Д4 еМакедонија би останала и без мојата шетат која не е баш незначителна имајки во превид дека пријател од травијан секој месец ми купува ВАР СТАШ како би му помагал во травиан, така да решив да не се откажувам ( во мојата стаија дека ќе с еоткажам никаде не бев пишал дека нема да го истерам мојот мандат, а и лаги дека ќе си дадам отказ од претседстел пред крајот на мандатот почнаа истите луѓе да шират )

Во меѓувреме успеаја со своите злобни коментари и лаги,да го натераат и Тренч кој немам зборови д аискажам колку с евложи за да дојдеме до ослободување и конгрес, да си даде отказ од МоФА

Бидејки увидовме дека за да бидеме сигурни во ослободување ни требаат доста пари во фондот на МА, пишавме статија и пуштивме постови да се пука само фф, да се чуваат чоколадите и кој колку може д адонира во фондот на МА ( овде наши злобници , изроди наши македонски нашле начин како д ами нашетат, односно не сум знаел дека има таков налин во кој со донација на некој играч од мулти налози би можело освен мултињата на правдина и тој играч да бидебаниран. Тоа мене ми го направиле си знаат кои се и ги прашувам имаат ли доза Македонско во себе ? - многумина ми донираа кои не беа членови на МА и од сите донации направив принт скирн, ако и од тоа како истите тие пари ги префрлувам во фондот на МА, меѓу тие што донираа донирале и наш изроди од своите мулти налози и чекале момент да ме пријават )

На состанок со сојузот за вистинско време за ослободително востание за да имаме конгрес се определи 21.08 на кој ден би биле ТОП приоритет на нашиот сојуз ( се утепавме од постови и се објави и статиа на МОД во која ве повкувавме да не избрзувате со дигање востание – пак не се послуша наредбата и се дигна предвреме востание на 18.08 кое го изгубивме,а требаше д абиде дигнато на 19.08 како наредното би било дигнао на договорениот датум 21.08 со сојузот, но иако пак постиравме и молевме да не се дига востание порано, наши играчи дигнаа востание на 20.08 притоа знаејки дека краен рок за пријавување на конгресмени е 23.08 до 03 00 еРеп време и дека мора д аиздржиме до изгласувањето на конгресмените притоа имајки сеуште слободна територија – со ова се остави шанса за двоцефките и доколку с еослободиме со предвреме дигнатото востание д аимаат доволно време да ни стават НЕ и д апробаат да не избришат пред да добиеме конгрес – Што за жал и се случи

Текот на востанието кое за жал предвреме го дигнаа наши играчи кои не ја испочитуваа наредбата за чекање и дигање на востанието што е можно покасно – лакомејки се за медал и 5те златника што одат со него и ставајки се пред еМакедонија им дадоа на двоцефките опција да пробаат да не избришат пред да добиеме конгрес кој толку го посакувавме.

Востанието го добивме со тешка битка притоа најмногу ни помогна Колин американецот кој се понуди и ни позајми пари за опцијата пари з амилион штета, кои на поверение ги потроши со наше ветување дека кога ќе иамме конгрес ќе му бидат вратени, човекот од фондот на неговата единица потроши 370 000 помагајки ни д асе ослободиме.

( последните битки немав интернет и мојата лозинка ја добија Ефилјо, Цобе, Феликс и Буце, кои го истераа востанието до крај и с еослободивме, после ослободувањето Цобе за секунда за жал не успеал да го пушти НЕ законот против двоцефките за д амоежеме доколку добиевме првиНЕ купиме барем уште еден ден време како би имале конгрес, тој не го изгласал законот кога с еслушнавме ми кажа дека оставил д аго изгласам )

Пишувавме пак постови и издадов статија во која повикувам да донирате сите кој колку може во фондот на МА, за да се одбраниме од нападот на двоцефките, притоа добра заштита ни нудеше и штитот со 420 милиони штета во првите 4-5 битки. Пак се случи некои д адонираат кај мене пари за кои направив како и секогаш принт скрин дека с еми донирани и принт скрин како истите пари ги префрлам во фондот на МА.

Изродите наши македонски баш тој момент го избрале д аме пријават кај админите и бев баниран 3 денови, ми пишаа дека сум баниран за мути налози – јас мулти налог нити сум имал ниту имам – но не знаев тогаш дека можело и админите дозволиле злобна опција да бидеш баниран доколку некој изрод / изроди од свои мулти налози тидонираат било пари, злато, тенкови или леб, бидејки по пријава админите рачунаат дека иако немаш мулти налог си учествувал во трансфер на пари од мулти налози ( ова е голема напревда кој намерно ја спроведоа и ме банираа баш пред најважната битка во мојот мандат, одбраната на сободната територија и можноста д аимаме конгрес, ај што мене ме банираа, со тоа бидејки сум командир на МА го онеспособија користењето на парите собрани во фондот на МА кои како командир само јас можам да ги ставам во оптек во опцијата пари з амилион штета )

Не ми е ни најмалку криво што изродите успеаја да ми го уништата налогот,криво ми е што отидоа до таму наштетувајки ми мене да и нашетата на еМакедонија. Секако бев решен да го жртвувам во краен случај мојот налог правејки сисолве на се што имам за да истите тие пари ги вложам во одбана на слободната територија и можноста да имаме конечно конгрес.

Ме одбанираа админите и тоа со минус толкав што 100% израчунале дека за да можам д аиграм треба да направам дисолве на сите мои фабрики , што и направив.

Капак на се што доживеав во играва е што вчера вечер предложив МПП закон со Шведска,а БУГ после ми даде место да го изгласам МПП законот со ведска, да гласам закон за МПП со Албанија, што отвори нов форнт на гомнојадачита д апродолжат д ме оцрнуваат.

Да не се чудиме после што играчи како мене,кои сме спремни дури и 2 години и кусур труд вложен во нашите налози го ставиме настрана сетот тоа и си ги уништиеме налозите


само и само за да пробаме да помогнеме на еМакедонија, решиме да си одиме од играва засекогаш

Го спремам от;етот кој ќе го објавам овие денови

П.С. доколку сакате мнозинството изјаснете се и јас самиот ќе си изгласам импич од функцијата претседател



Со почит вашиот Персеј Македонски